СТРУМИЦА - Жителите од турското маало во Струмица тврдат дека некој сака да им ги киднапира децата. Стравот се појавил откако деновиве забележале бело комбе со непознати лица, кое постојано се вртело во нивното маало. Луѓето од комбето со памук в раце ги привлекувале децата да влезат внатре, но тие успеале да побегнат и настанот им го раскажале на родителите.
„Сите се плашиме за своите деца, па и тие се исплашени, не сакаат да одат в училиште. Велат лошите чичковци ќе не' земат“, велат жителите кои од рака не ги пуштаат децата.
Во училиштето „Маршал Тито“ во Струмица потврдија дека деновиве е намален бројот на децата, но се' уште не знаат од кои причини. Од прво до четврто одделение во ова училиште настава следат 300 деца од турска националност. (Е.П.)