Притворен макро од Битола
Полицијата поднесе кривична пријава против Ш.В. (29) од Битола поради посредување во вршење проституција. Според МВР, завчера, околу 14 часот, на магистралниот пат Прилеп-Битола во близина на населбата Баир, Ш.В. бил затекнат како за одреден паричен надоместок нуди сексуални услуги од К.Ј. (21) од Прилеп. Истражен судија на битолчанецот му одреди 30 дена притвор. (Г.А.) |