Судењето за ексдиректорот на ЕСМ почнува пак од почеток
Панде Лазаров пред судот повтори дека спорните пари му биле исплатени за советодавни услуги
Судскиот процес против поранешниот генерален директор на ЕСМ, Панде Лазаров, вчера повторно почна од почеток, поради изминатиот законски рок од 60 дена, но и поради смена на член на судската порота. Ексдиректорот на ЕСМ е обвинет за перење пари и за други приноси од кривично дело и за злоупотреба на службена положба и овластување.
За парите што на приватна сметка на Лазаров, во банка во Будимпешта, ги уплатила германската компанија „МАН такраф фордертехник“, обвинетиот рече дека станува збор за средства што му биле уплатени во 1995 година или во текот на следната година како надоместок за експертизата што ја направил за компанијата. Според Лазаров, тој во 1994 година во Белград склучил договор за дело со претставник на германската фирма, според тоа, тој требал да дава советодавни услуги. Први контакти со компанијата Лазаров имал уште кон крајот на 70-тите години на минатиот века кога се инсталирала опрема во рудникот „Суводол“, каде што работел како главен инженер.
Во првата рата му биле исплатени 50.000 тогашни германски марки, а кога бил исплатен целиот износ од 190.000 марки, тој во истата банка во Будимпешта отворил нова сметка на која легнале парите. За примените средства тој давал советодавни услуги и тоа најчесто на терен. Лазаров се повика на два рудника во Косово, како и на посети на рудникот „Костолац“ и басенот „Колубара“ во Србија. За контактите со кинеската „Хајнен“ Лазаров кажа дека тие следувале по бизнис-средбите што тие ги имале во соседна Албанија, која во тоа време имала потреба од вода од хидроцентралата „Шпилје“.
По сослушувањето на обвинетиот, судот успеа да распита и двајца од четворицата сведоци, кои вчера се појавија во судот, а потоа на барање на јавниот обвинител судењето се прекина. Панде Лазаров се товари дека противправно присвоил 300.000 долари и 190.000 тогашни германски марки. Едната сума му била исплатена на име провизија, а втората од кинеската „Хаинан СИТ ентерпрајс корпорејшн“, која, пак, требало да испорача опрема за потребите на РЕК „Осломеј“ и на ХЕЦ „Козјак“. (Љ.С.)
Добар е Панде,а сумата која му се препишува мислам дека не е реална...е поголема.А,мислев дека е толкуууууу чесен...сакаше да биде послужен само со чиста вода комуналка......Собери ги и другарите знаеш ти кој се...Позз до утрински...
Од: Makedon
Датум: 05.09.2009 09:45:48
E ova ti e po narodnata- "kogo ke go fatat ke go jade stapot".Ne e Pande edinstven koj dobil provizija za završena rabota.Kade se site "mister tenderi",prodavači na Telekom,rafinerii,Elektrostopanstvo,uništuvači na makedonskoto stopanstvo,država i narod za sitna provizija,za sopstveniot đep.Partizirano sudstvo,parodijata so Nedelkova,prva dama na advoket Toni,site go znaat i molčat,Nušič vo Makedonija,partizirana i neprofesionalna policija koja nesaka a i ne može da istera nieden od "golemite"predmeti-za Ljubčo,za platežnata kartička,za Bučko,za ....no Pande treba da si go dobie zasluženoto,no i ostanatite.