Нов судски совет ќе го преземе судењето за убиството на полицаецот пред ресторанот „Деспина“ во Скопје, кое се случи во декември 2007 година. За убиството одговара Савка Максимовиќ, додека нејзиниот девер Сашо и сопругот Бобан Максимовиќ, Николче Најдовски (28) и Александар Тројанов (25) се товарат за учество во тепачка. Процесот вчера беше одложен поради заминувањето на досегашната судијка Кадрие Селмани на нова функција, а новиот совет процесот треба да го продолжи идниот месец. (Љ.С.)