Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Концерт на триото „Стејси фокс“

Вечерва на „Скопско лето“, како дел од циклусот кафе-кино, во Забавниот парк „Луна“ во 21 часот, ќе се прикаже филмот „Ѕвездена прашина“ од 2007 година, во режија на Метју Вон. Во филмот кој беше прогласен за СФ филм на годината според британскиот магазин „Емпајер“, улогите ги толкуваат: Роберт де Ниро, Мишел Фајфер, Клер Дејнс, Сиена Милер... „Младиот Тристан сака да го освои студеното срце на својата љубена и тргнува во потрага по падната ѕвезда. Патувањето води низ мистерии и забранети земји...“

Во Сули ан пак, вечерва во 21,30 часот, ќе се одржи концерт на женската американска група „Stacey Fox“, наречена по нејзината лидерка, композиторка и перкусионистка. Заедно со Стејси Фокс, во триото членуваат и Марија Антони, вокал, ситар и флејта и Меган Хрт, вокал, електрична и акустилна виолина. Нивниот концертен репертоар се состои од звуците на разновидните удиралки, индијанското пеење и мелодии. Концертот е поддржан од Амбасадата на САД во македонија. (Т.И.)


Статијата е прочитана 87 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Филмовите на Иво Трајков и на Ѓерѓ Џувани во завршна фаза
Изложба за егзодусот на децата-бегалци
Ликовната колонија „Куманово“ по втор пат во Пелинце
Концерт на „Проект жлуст“ во „Магор“
Апсидите на Римски форум криеле делови од голема женска скулптура
„Паника, мажи на работ на нервен слом“ од Русија
Криста Пафген (Нико) - живот завиен во мистерија