Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Ликовната колонија „Куманово“ по втор пат во Пелинце

Годинава во новоизградениот објект, од 18 до 28 август, ќе работат сликари и скулптори од повеќе земји

Ликовната колонија „Куманово“, која се смета за една од најстарите во земјава и годинава, почнувајќи од 18 до 28 август, ќе се одржува во Центарот за култура, во објект што функционира во склоп на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Петнаесеттина ликовни уметници, скулптори и сликари од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Унгарија, Полска, ќе работат во заедничкото ателје, но и надвор, во раскошната природа, во шумски амбиент кој е надополнет со течението на реката Пчиња.

Функциите на објектот од библиотека, пред две години се пренаменети во хотелски соби за сместување на уметници, ателје и амфитеатрален простор за различни намени, меѓу другото и за одржување на концерти. Амфитетарот се очекува да биде довршен до крајот на годинава.

Колонијата досега помина различни фази на опстојување. Започната во поранешна Југославија, во првите години наизменично се одржувала во манастирот Прохор Пчински и во Врање, по осамостојувањето на Македонија во манастирот „Света Богородица“ во Матејче, а по избувнувањето на воениот конфликт и на неколу локации во Куманово, меѓу кои и во просториите на Уметничката галерија (во летото 2001 година, за време на траењето на полицискиот час).

Годинава се очекува заедно да творат актуелни сликарски и скулпторски имиња од наведените земји, но и автори со веќе потврдени творечки вредности. Делата кои ќе ги создадат ќе бидат поделени меѓу организаторите, Народниот музеј на Куманово и локалната самоуправа поч чија управа е објектот.

Ликовниот уметник од Куманово Часлав Марковски, е еден од авторите што учествувале повеќе пати на колонијата, но како што вели самиот, еден од малкумината што се запознале со нејзините различни фази.

„Од уметничка страна колонијата сега нуди исклучително добри услови за работа, околу објектот каде се работи има убав, голем двор. Иако просторот на манастирот Матејче за мене беше најинспиративен за работа, на новава локација се е средено како што треба“, вели Марковски, кој годинава како член и на Советот на колонијата, укажува на потребата од поголемо внимание во изработката на пропаганден материјал за ова ликовно случување. Освен колонијата „Куманово“, во овој град и околината се одржува и ликовната колонија „Карпино“, а своите почетоци ги прави и уште една, нова колонија за изработка на икони. (К.Б.)


Статијата е прочитана 89 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Филмовите на Иво Трајков и на Ѓерѓ Џувани во завршна фаза
Изложба за егзодусот на децата-бегалци
Концерт на триото „Стејси фокс“
Концерт на „Проект жлуст“ во „Магор“
Апсидите на Римски форум криеле делови од голема женска скулптура
„Паника, мажи на работ на нервен слом“ од Русија
Криста Пафген (Нико) - живот завиен во мистерија