Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Паника, мажи на работ на нервен слом“ од Русија на „Охридско лето“

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во летната бавча на Центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот, ќе се изведе претставата „Паника, мажи на работ на нервен слом“, на „Бели театар“ при Достоевски музејот од Санкт Петербург, Русија. Режисер на претставата е Александар Бергман. Улогите ги толкуваат: Александар Бергман, Витали Коваленко и Александар Новиков, кои заедно со Тино Светозарев и Вера Бирон се и автори на претставата. Сценографијата е на македонскиот уметник Тино Светозарев кој во изминативе неколку години работи и живее во Русија.

Оваа драма на финскиот сценски директор и драмски писател Мика Милуахо, претставува иронично прикажување на теми од филмовите на шпанскиот контроверзен режисер Педро Алмодовар. Станува збор за три ликови, мажи на возраст од околу 40 години, собрани во еден стан. Обидувајќи се да се справат еден со друг, тие меѓусебно си ги откриваат своите сопствени проблеми... Оваа претстава доживеа успех на нејзината поставка во Хелсинки во 2006 година. (Т.И.)


Статијата е прочитана 176 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Филмовите на Иво Трајков и на Ѓерѓ Џувани во завршна фаза
Изложба за егзодусот на децата-бегалци
Концерт на триото „Стејси фокс“
Ликовната колонија „Куманово“ по втор пат во Пелинце
Концерт на „Проект жлуст“ во „Магор“
Апсидите на Римски форум криеле делови од голема женска скулптура
Криста Пафген (Нико) - живот завиен во мистерија