Апсидите на Римски форум криеле делови од голема женска скулптура
Откриените на Стоби, делумно сочувани мермерни делови од женска скулптура во натприродна големина (висока два и пол метри), искршена глава на која имало шлем и перјаница, со црвени позлатени делови, како и дел од рака и штит, биле пронајдени на една од апсидите на истражуваните простории од објектот „Римски форум“.
Според раководителот на истражувањата, археологот Мила Шурбановска, впечатливите наоди се наоѓаат на конзервација, а се „појавиле“ на крајот од годинешните истражувања, што Музејот на Македонија ги реализира со италијанската организација ЧИСС од Палермо. (К.Б.) |