Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter
3446

Анализа

На А1 не ни се случи народ

Ерол Ризаов

Пред и во А1 телевизија завчера вечер не ни се случи народ. Не видовме романски директен пренос од Револуција. Видовме многу вооружени полицајци и чувме многу борци за човекови права и слободи. Беше тоа една тажна ноќ од македонската незавршена транзиција. Ноќ на демонстрација на сила на власта, злоупотреба на полицијата и немоќ на демократските сили. Додека Владата преплашена заседаваше како кризен штаб, Скопје не можеше да испорача критична маса во одбрана на демократијата. Се редеа на екранот, главно, функционери и активисти на опозицијата, нешто новинари-критичари на Владата, неколку десетици вработени во компаниите на Велија Рамковски, сопственикот на А1, и стотина-двесте граѓани кои не прифаќаат загроза на демократијата. Скопје дремеше во својата транзициска летаргија и духовна филозофија: не бранувај.

Не видовме на А1 министри, преставници на власта, пратеници од редовите на коалиционите партнери во Владата, директори во Управата за јавни приходи и надлежни финансиски инспектори. Не видовме независни и компетентни интелектуални елити, новинари блиски на провладините медиуми. Некои од нив ги видовме на други телевизии, поддржувачи на Владата. А најубаво видовме колку е поделена и партизирана Македонија, колку е ниско нивото на политичката и комуникациска култура и колку е мал прагот на заштитата на демократијата.

Дали ова што се случуваше во А1 има свои подлабоки корени и една посложена анатомија. Апсолутно - да. Кажано наједноставно, секогаш кога властите толерираат кршење на законите, кога фаворизираат подобни медиуми, кога инсталираат нерегуларен медиумски пазар со селективно рекламирање, ќе се соочат со својот краен производ, што го видовме во директниот пренос на А1. Никогаш македонската полиција немаше да упадне во А1 или во компаниите на Велија Рамковски ако тој и' даваше поддршка на власта. Портпаролот на МВР тврди дека цели осум месеци Велија Рамковски не дозволува финансиска контрола на неговите компании. Притоа, мислам дека овој наш поранешен колега не е свесен со оваа реченица каква осуда изнесе за целиот систем, за сите институции на системот, за Владата и лично за премиерот Никола Груевски. Прво, ако е точно ова тврдење на портпаролот на МВР, а досега не е демантирано од никого, тогаш најлогично прашање е зошто за тоа не знае македонската јавност, каква е таа сила која ја поседува Рамковски неговите компании да не можат да бидат контролирани од надлежни служби. Дали овие осум месеци беа период на заплашување на А1 да ја смени својата уредувачка политика и критичка опсервација на власта, или беа период на пазарење меѓу Владата и Велија Рамковски. Што може да мисли обичен граѓанин на Македонија ако на Владата и на надлежните служби им требаат осум месеци само да влезат во компанија за да извршат финансиска контрола. Па, за тоа време можат да се направат комплетно нови финансиски извештаи и сите неопходни преправки и доправки.

Овој македонски медиумски магнат долги години на ред прави флагрантно кршење на законите. Си инсталира непречено нерегуларен медиумски пазар. Практикува драматична нелојална конкуренција и никој не го санкционира. Ниту една влада. Поголема злоупотреба на медиуми и новинари тешко може да се замисли. Велија Рамковски најдрско го прекршува законот за радиодифузија, кој не дозволува сопственик на електронски медиуми да има и печатени весници и списанија. Тоа го знаат и го гледаат сите македонски премиери, влади, надлежни министри и комисии. И никому ништо. Велија Рамковски може да раздава весници без пари на места каде што се продаваат весници за пари. Тоа не е дозволено никаде во светот. Бесплатните весници мора да бидат во специјални сандачиња, оддалечени најмалку 100 метри од киосците каде што се продаваат весници за пари. Велија Рамковски прави синергија во продажбата на рекламниот простор на гледаната А1 со весниците. Тие што ќе рекламираат на А1 и во весниците и списанијата на Рамковски, ако целиот буџет за реклами го насочат кон компаниите на А1, попустите се огромни. Во ова антимонополската комисија не гледа сериозен прекршок.

И оваа Влада, како и другите, никогаш ништо не презеде во врска со овој проблем. Напротив, ваквото незаконско работење е стимулирано со огромни износи за рекламирање на владините кампањи и на јавните државни претпријатија.

Се' додека властите во Македонија прават дил со сопствениците на медиуми за политичка поддршка и толерираат незаконско работење поради политички и партиски интереси, македонскиот медиумски простор ќе остане крајно загаден, а новинарите ќе бидат колатерална штета.


#
Статијата е прочитана 4304 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2010 12:09:12
Се сложувам со авторот да ова требаше да се случи многу порано,но одработувањето за двете опции доведе да тие молчат кога овој медиумски могул е на нивна страна.Така незавршени,,упади,, беа 2006 год. кога токму оваа опозиција беше на власт,додека сега ова се случува оти е токму на страната на опозицијата.Но никој не се прашува кадее токму могулот,па нели има ,,упад,, во неговата А1.
Од: Стојан
Датум: 27.11.2010 12:10:18
Немавте доблест поради лични кавги да се солидаризирате со вашите колеги кои беа заложници на полициските сили. Наместо да пренесувате владини информации требаше да испратете еден ваш новинар на лице место да се увери во ситуацијата и да известува. Да зборувате за манипулација од страна на новинари со интегритетот на Борјан Јовановски и Сафет Бишевац е повеќе од смешно. A што се однесува за гласините за проневера, треба да почекате малку. Тоа ќе го одлучат судовите (или веќе Маневски ви ја достави пресудата?). Станува се појасно дека заради личните амбиции на вашиот директор го издадовте објективното новинарство, се спуштивте на нивото на вувузелите Латас и Миленко, и станавте соучесник на една влада која еден ден ќе се сврти и против вас. А тогаш ќе очекувате ли солидарност од другите? Штета, на првиот испит на доблеста паднавте и ќе останате во калта на мизерното македонско новинарство.
Од: Oskar
Датум: 27.11.2010 12:22:00
Citajki ja ovaa prekrasna statija, imam cuvstvo deka politicarite me tretiraat kako retardiran idiot koga ni zboruvaat, ”nasiot narod e umen i znae za kogo da glasa”, vistinata e deka ne znaeme zasto site ne lazat. Moe mislenje e deka Demokratijata vo R.M. umre koga javnosta ne zastana cvrsto da go odbrani mirniot protest na Arhi brigadata na Plostadot i dozvoli da bidat zrtva na razulavena tolpa. Se dozvoli studentite bez nikakva vina, bez otpor i pomos od javnosta, da odat na sud. Rezultatot se vide, Arhi-brigada veke ne se pojavi, a imase tolku mnogu da ni kaze. Ovoj slucaj e sosema identicen na slucajot Hard-Rok i posledicite od nego. Ako politicarite navreme ne se predupredat deka vakvite nivni postapki JAVNOSTA nema da gi tolerira ke bide se potesko da se bara demokratsko odnesuvawe od Vlasta koja ke stanuva se pobrutalna. Neznam zasto ne bi barale predvremena promena na vlasta se dodeka ne dobieme vlast koja ke raboti vo interes na narodot a ne vo interes na partiite. Dosega
Од: забеган.
Датум: 27.11.2010 12:43:14
Едно големо БРАВО за НАРОДОТ и опозицијата.Овде фалеше само една искра и да се запали.Оставетеги Никола и Велија да сиги расчистат сметките меѓу себе.Како што слушнав си имале бизнис со реклами.За среќа не било многу околу 4 милони евра.Кај и да е АРАМОТ ќе излезе но неје виновен НАРОДОТ да страда.За туѓи интереси.
Од: lenin
Датум: 27.11.2010 13:16:03
I sto e uste potragicno tatkoto na nacijata da imase doblest makar i na kakov takov nacionalen servis vo ova drzavce sto se vika MRTV da se obratese na nacijata za da ja obedeni toj kako i ostanatite gragjani gi gledase gnasotiite na vlasta i opozicijata. Ovoj narod ke se udavi vo sopstvenata septicka jama koja e prepolna so fekalii zosto nesaka da ja iscisti a sto e uste potragicno seuste misli deka cisternite za cistenje jami ke gi pusti nekoj drug.
Од: boze
Датум: 27.11.2010 13:50:43
Erol prvo ne se sluci "NAROD" zasto ovoj narod sepak znae nekoj raboti ...a vtoro citajki go vasiot tekst dobivam vpecatok deka vie ja tolerirate korupcijata i kriminalot. Navistina ne mi e jasno dali tolku ste protiv vlasta sto se zdruzivte so kriminalci od tipot na Velija samo proadi licni partiski celi.....Katastrofalno e sto vakvo odnesuvanje SDSM nokogas nema da se vrati na vlast...Dali mislite deka "slucajno" pred A1 se pojavija 'BORCITE" za covekovi prava pa clenovi na SDSM i simpatizeri...slucajno neli i toa za nesto sto UJP treba so zakon da go pravi..interesno
Од: Petre
Датум: 27.11.2010 13:56:18
kakvi sudovi kakvi lakrdii... toj sto nema knigovodstveno pokritie i raboti so cash e kriminalec vo site kulturni drzavi... bashka fiktivni covek firmi i fiktivni zdelki... ne samo kazni, tuku KOMPLET da se ukinat so zakon site tie mali trgovski firmicinja, toa e 100% instant kriminal... Imame desetini golemi firmi i marketi , Tinex, Vero, Kam i drugi renomirani, a sega tuka ko pecurki posle dozdot niknuvaat covek firmi so namena za perenje pari..
Од: Феличита
Датум: 27.11.2010 14:01:17
Очекувам Феликс да е произнесе за изјавата на Рамковски,дека Груевски му плаќал партиски реклами со буџетски пари!
Од: tihi
Датум: 27.11.2010 14:08:38
Zamislete za nastanot da ne izvestuvase samo A1.
Од: dd
Датум: 27.11.2010 14:20:44
начекавте момент да се пресметате со конкуренцијата и да ликувате. немавте храброст да ја кажете вистината, дека владата ја искористи државната машинерија за да изврши притисок на медиум кој најсилно ја критикуваше. не е тука воопшто битен велија, битно е што вистинската причина за испраќање на цел батаљон полиција е замолчување на медиумот, со претходна пресметка дека велија никој од неговата конкуренција нема да го поддржи. следни сте сите вие!
Од: Kumanovo
Датум: 27.11.2010 14:42:14
Site poznati faci sto gi vidov na snimkite, od tolpata narod pred A1 se poznati zatajuvaci na danok od Ku.
Од: epilog
Датум: 27.11.2010 14:49:09
Najstrasen epilog od seta ovaa drama e faktot deka mojot premier gi krade moite pari za da si gi plati svoite partiski smetki. Ne strasno sto velija e kriminalec, strasno e sto e toa i mojot premier.
Од: Kalimero
Датум: 27.11.2010 15:39:03
Dobra statija Erol, sekogas za pozdravuvanje, samo malku ti izbega temata. Vleze vo biznisot na vasite gazdi, a ne da pisuvas za novinarstvoto kako fela. Mozebi Velija ne e cvetka i ne veruvam deka e, samo tamu imase upad na policijata. Novinarite bea sprecuvani da vleguvaat i izleguvaat od organot koj go nie plakame. Mozebi trebase da pokazes pogolema solidarnost so novinarite, a za gazdite neka si gi rascistuvat nivnite dolgovi kako znaat. Ako e vistina za 4 miliona evra za reklami, a normalno e deka Pastirot ke bide lut na Velija i nema da mu proste da si ja pokaze silata, ama neka gi ostave novinarite na mira. Neka ne ostave nas graganite na mira
Од: mitra
Датум: 27.11.2010 16:30:35
za 8 meseci ,sve moze da se napravi ,sto ima da go predupreduva 8 meseci.moze i poveke go predupreduvale so ova prepukuvanje ne e vo red ,trebale novinari od drugi televizi,ministri, potparoli ,... na lice mesto pred i vo a1 ,vo site drugi televizi bea vo a1 ne bile.
Од: јас
Датум: 27.11.2010 17:15:11
Се’ досега се согласував со секоја напишана вест од Вас..Ама со оваа последнава НЕ !!! Велите дека не се случил народ?! А кај бевте Вие и новинарите на утрински да ги подржите вашите колеги ?? Скриени во вашите домови , си гледавте сеир на ТВ?! И вие сте ми биле професионалци !! Утре може грујо да удри на Вас и вашите..Мислам дека новинарите на А1 ќе бидат ПРВИ што ќе известуваат за тоа !! ТИЕ СЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ !!!!!!!!Имајте храброст и објавете го ова...
Од: Filip
Датум: 27.11.2010 18:17:27
Vo A1 televizija ima mnogu kvalitetni novinari, no nivniot kvalitet ne moze da dojde do izraz koga nekoj ke im nareduva za sto da pisuvaat i kako da pisuvaat (citajte - ne moze da se pisuva koga Ramkovski im diktira sto i kako da pisuvaat). Mislam deka e zalno sto Velija vaka gi tretira novinarite, zalno e za novinarite sto se vaka izmanipulirani, a osbeno za onie poistaknatite. Po ovaa slucka, Velija zasluzuva site renomirani novinari od televizijata da si zaminat, za da ne bidat omalovazuvani drug pat, a dokolku ostanat, sigurno ke bidat. Dokaz za toa e ona sto go napravi Ramkovski - cela vecer toj ne se pojavi tuku od strana si gledase, a novinarite gi pusti da se brukaat i blamiraat namesto nego. Osobeno e zalno za Borjan - znam deka taka mu bilo naredeno da postapuva od Velija, no sepak - mislam deka ne treba da pagja tolku nisko, znaejki deka e mnogu dobar novinar.
Од: karokan "gambit"
Датум: 27.11.2010 18:36:40
Vo 1998 godina na slicen nacin bese izvrsen upad i vo "kralstvoto" na eden drug magnat i bea najaveni kojznae kakvi ne kriminalni aktivnosti,Se tresea site i pismeni i elektronski mediumi od otkrieniot kriminalen mega skandal..Duri vo" kralstvoto" vo upotreba bese i posebna valuta vo forma na bonovi (cekor do osamostojuvanje i nezavisnost na kralstvoto). I seto toa zavrsi samo so eden stranicen preskok. "Kralot" od krajno levo (duri i sega e so lev naziv), preskokna vo krajno desno i slucajot zavrsi. Mozebi i ovoj slucaj moze da se zavrsi so preskok,ne mora lev-desen ili desen lev,tuku ednostavno so elegantno brisenje na negacijata: Namesto "Ne e taka",ce stoi "Taka e" i gotova rabota!!!! Nema kriminal,nema prijavi,nema nisto!!! Skopjanite se secavaat:"Trevata te moli,NE gazi me,boli".Samo so smena na negacijata.:"Trevata te moli,gazi me ,NE boli !!! Mala zamena, golema razlika!! Neli Felix !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Od toa vidovme samo obicen pre
Од: Martin Nimeler
Датум: 27.11.2010 21:18:50
Ako i se rabotelo za kontrola na Finansiskata policija, pa sigurno sekada ne odat so bataljon policajci i specijalni edinici na MVR. Uste falese onaj instaliran Pretesedatel i t.n. vrhoven komandant da izdade naredba za aktiviranje na specijalnite edinici na ARM !? Erole ti dobro znaes sto e pricinata za seto ova. Velija ako pravel ne go pravel ovaj kriminal od pred dve tri nedeli , no toj si funkcionirase bez problemi so godini. Pricinata lezi vo zamolcuvanje na mediumite koi kriticki se osvrnuvaat na ludostite na ovaa bezdarnicka vlada. Ova kontrola bese proektirana kon napad na mediumite koi ne se po cef na vlasta.. Tebe ne te vidov vo odbrana na toa. "" Koga dojdoja po komunistite ne se zagriziv oti ne bev komunist, Koga dojdoja po Evreite ne reagirav oti ne bev evrein Koga dojdoja po unionistite ne reagirav oti ne bev unionist. Koga dojdoja po mene nemase koj da reagira, nemase drugi"(M.Nimeler)Koj ce reagira Erole koga ce dojdat i kaj tebe?
Од: Маркос
Датум: 27.11.2010 22:03:56
Овде имаме двојно штеточинство на власта. Првото е предолгото а неслучајно толерирање на грубото кршење на законските прописи за медиумите од страна на „империјата„ на г. Рамковски, кое така добро го претстави г. Ризаов. Другото е неразумна „парада„на полицијата, која е брзо препознаена во ЕУ како „ инцидент со политичка интервенција“ (З. Талер, известувач за Македонија и нејзин пријател). Инцидентов пак, сигурно ќе биде протолкуван како недостиг во владеење на правото, oдносно потврда за селективна примена на законите.
Од: realen
Датум: 27.11.2010 23:18:55
Zamislete ova da se slucese vo Belgrad, Zagreb, Ljubljana. Primer: na HTV ne i e po kef sto NOVA TV ima podobra gledanost na informativniot program i sto sega-se reprogramira programata na HTV. Mislam deka cenetiot novinar pomalku go gazi vremeto i treba poveke da sledi drugi stranski mediumi, breaking news kakvi da se, se objavuvaat, se diga fama, znae toj kako.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 28.11.2010 04:44:13
Каков народ бре, каква нација, какви новинари....бедна рајо. Уште малку и сами ќе се испотепате меѓу себе. Ние сме генетски ретардирана нација, срам, резил. Треперењето во душата не ми дава повеќе да напишам, се плашам да не испуштам нешто, оти се срамам тоа што сум.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 28.11.2010 10:22:21
Јасна ми е летаргијата на народот!Замислете што би му се случило на Магарето кое постојано лупа со копитата по тастатурата „дека Шерифот McLaboud си ги заборавил некаде лубениците (од под мишка)и дека одамна му побегнал коЈнот“?Замислете што ќе му се случеше на оној кој ја опишува„Старата баба“како грда убавица?Ќе му никнеа Тревки и Катран,ќе му најдоа и пари и писанија,странски и домашни врски,во неговиот дом!„Предавник!“-ќе речеа!Можеби ќе го откриеа во некоја црна ќеса,на буниште,или во некој поток!„Убиен и силуван од манијак“-ќе пишуваше по вашите весници!Велија мати!А,знаете ли уште колку Велии има во нашево општество?Но,очигледен беше упадот во А1!Очигледни беа и Намерата и Причината!Молк!Сè додека во оваа држава законите и правдата се применуваат селективно и од позиција на Политичка сила и принуда,ќе имаме Велии,Ѕинговци,Камчовци,Мукаетовци....!Чисти додека ги играат,кварни-откако ќе се предомислат!Не!До менталниот склоп е!Затоа пропаѓаме!Затоа тонеме!Затоа сме вечно на дното!
Од: Boro
Датум: 28.11.2010 15:39:56
Првиот пасус навистина штрчи од остатокот на текстот. Како на авторот да му е жал што „не се случи народ“. Нема потреба од тоа, си има избори.
Од: ne e bitno
Датум: 28.11.2010 17:34:42
Jas vidov malograganstina vo vlast, novinari, biznismeni...Kako ste receSilvester, ne sakam da zboruvam ke bide mnogu nevkusno. Facebook vrie od grupi za i protiv A1-pogledajte si ja samo mladinata, recnik od 100 zborovi, vulgarnnost, neciviliziranost..ma takvi ste site.
Од: Ljupco
Датум: 28.11.2010 19:52:38
Koj sto saka neka kaze, ama novinarite na A1 odglumija ludilo. Nemase da ima nikakva mesanica ako kazea deka ima inspekcija od UJP. Tie samite napravija haos so prikrivanje na vistinata i so povikot do narodot da gi zastiti. Site mislevme deka nekoj sekoj moment moze da gi uapsi. Sramota za Borjan, Safet i ....
Од: vasco beleski
Датум: 28.11.2010 23:03:52
inaku jas ne sum prijatel od erol megutoa ovoj pat mnogu kontruktivno ja opsia situacijata pozdrav
Од: aleksandarmkd
Датум: 29.11.2010 04:01:22
Definitivno neutralen stav na Erol ne zazemajci strana iznenaden sum no moram da napisam vistinski otslikana situacija vo Makedonija na koja ednas zasekogas treba da se zastane na pat.
Од: martin
Датум: 29.11.2010 08:18:06
Mnogu dobra statija,Bravo. A1 veke poodamna nee ona sto bese,vo poslednite nekolku meseci skoro sekoj den pisuvam komentari na nivnite prilozi no nitu eden nebese objaven.Toa pokazuva do koja mera se ispolitizirani i deka nesakaat da objavat apsolutno nisto protiv SDSM i koalicijata.Od nemajkade pocnaa dago davat narodot po celi denovi i nedeli za spomenikot na Misirkov koj treba dase pomesti okolu 10 metri,levo ili desno.Kako mozat da go davat narodot so takvi raboti non stop,zamislete za kakvi banalni raboti se zafakaat samo kolku daja isplukaat ovaa vlast sto poveke i poveke.Sto se odnesuva na upadot na policijata i inspekcijata vo objektot na A1 koj stogo delat so uste nekolku firmi,smetam deka e apsolutno opravdan.Nemoze nikoj da e nad zakonite vo ovaa drzava.Steta sto novinarite vo A1 se izblamiraa za licni celi na Ramkovksi. Blagodaram Utrinski

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Билјана Ангеловска
ЕДИТОРИЈАЛ
Димитар Чулев
Мислења
Ден Дончев
За името се зборува во телеграмите на „Викиликс“

КИТ УРБАН
Зависноста му го загрози бракот со Кидман

Ролингстоун
Најголемите рок-кавгаџии

 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom