Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter

Ролингстоун

Најголемите рок-кавгаџии

Кавгите во светот на рокенролот не се реткост. Некои од нив настануваат од сосема банална причина, додека некои судири ескалираат поради несогласување кога се во прашање личности со бескомпромисни ставови. Магазинот „Ролингстоун“ состави листа на најголемите рок-кавгаџии.

На прво место се Мик Џегер и Кит Ричардс од „Ролингстоунс“, кои се заедно во бендот уште од 1961 година, но многу вешто ги криеја своите кавги, се' додека не се појави книгата со мемоарите на Кит, „Лајф“.

„Во почетокот на осумдесеттите Мик стана неподнослив. Го сакав, но веќе 20 години немам влезено во неговата гардероба. Понекогаш помислувам дека ми недостасува мојот пријател и се прашувам каде исчезна“, навел познатиот гитарист во својата книга. „Не можете да очекувате вашите односи да бидат постојано исти. Мислам дека нашите разлики се како семејни препирки - ако викам и врескам на него, тоа е затоа што никој друг нема храброст да го стори тоа, или тие не се платени да го прават тоа. Се надевам дека Мик разбира дека сум пријател, кој се обидува да го доведе во ред“, објаснил Кит.

На второ место се Пол Сајмон и Арт Гарфанкел, поради кавгата од средината на осумдесеттите кога Сајмон ги избриша вокалите на Арт од песните што требаше да бидат објавени по повод нивното повторно собирање. По вербалните провокации при влезот на овие двајца музичари во „Куќата на славните, во 2003 година одлучија да направат заедничка турнеја.

На трето место е групата „Аеросмит“, односно проблематичниот фронтмен, Стивен Тајлер, кој покрај проблемите со зависноста, го изнервира гитаристо Џо Пери кога се пријави за судија во реалното шоу „Американски идол“.


#
Статијата е прочитана 870 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Филмска свадба на бизнисменот Калеников
Тиквешански
Европскиот парламент и' отвори фронт на Македонија
Дора Бакојани и Мара Попара во нашиот парламент
Шопинг- манија
Зависноста му го загрози бракот со Кидман
Енергија
Албанците ќе влегуваат во Србија без визи
Дипломатски 9/11
Каде се земаат највисоки плати
Ризиците од соларно невреме
Во Индонезија дизајнирани чевли-правосмукалка
Кога се искрени - на „Фејсбук“ или во официјалните изјави?
Дијаспората - огромен инвестициски потенцијал
Во потрага по најекономично греење
Адио за Јувентус во фудбалска Европа
За името се зборува во телеграмите на „Викиликс“
Прирачник за штедливи возачи
Дино Мерлин ќе пее за БиХ на Евровизија
Карикатура
Еминем, Лејди Гага, Алиша Кис... номинирани за „Греми“
Како да се избегне „струен удар“ врз домашниот буџет
Почина создавачот на неутронската бомба Самуел Коен
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society