Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter

Возење

Прирачник за штедливи возачи

Има неколку правила за штедливо возење и ако се придржувате кон нив, ќе успеете да го намалите притисокот врз домашниот буџет

Владимир Ристовиќ

Со оглед на скромниот домашен буџет, староста на нашиот возен парк и се' поголемата загаденост на животната средина, штедливите навики и поефикасните техники на возење се крајно неопходни. Кога на сите аргументи ќе се додаде и податокот дека постојано растат цените на горивата, заклучуваме дека мора да се научиме поекономично да возиме.

Има неколку правила за штедливо возење и ако се придржувате кон нив ќе успеете да го намалите притисокот врз домашниот буџет. Да почнеме:

ПроверуваJте го притисокот во пневматиците

Слободно можеме да кажеме дека пневматиците на возилата кај нас во добар дел се малку издишани, односно притисокот во нив е помал од пропишаниот, кој е оптимален и треба да се одржува. Со само 2psi единици под препорачаниот притисок може да ја зголеми потрошувачката за еден процент. Со постаро возило, кое нема електронски систем за контрола на притисокот во гумите, проверувајте го сами и тоа барем еднаш месечно.

 

Затворете ги прозорците  



Можеби изгледа „мачо“ да се вози со едната рака надвор од прозорецот, или кучето да ѕирка со главата, но сето тоа придонесува за зголемен отпор на воздухот. Прозорците треба да се затворени. Така отпорот е помал, помалку енергија е потребна за пробив низ него, а со тоа помалку трошите гориво.

 

Користете повисоки степени на пренос



Многумина претпочитуваат да возат умерено, во трета брзина, меѓутоа, за да ја подобрат економичноста за 20 отсто ќе треба да префрлат во петта или во шеста брзина, и при пониски брзини. Но, не го преоптоварувајте моторот. Непрецизното користење на повисоки степени на пренос не придонесува за економичноста. Бројот на вртежи нека ви биде водич. 



ИсклуЧете го моторот 



Ако сте заглавени во шпицот, чекате 90-ина секунди додека се запали зелено на раскрсница или паркирани чекате некого - исклучете го моторот. Тоа ќе заштеди мало, но добредојдено количество гориво. Во предност сте ако поседувате возило од најнов датум, бидејќи во него сигурно како дел од стандардната опрема е вграден системот startиstop, наменет токму за таквите тргни- застани ситуации. 

Возете побавно



Тоа не значи во секоја ситуација да ползите со 40 км/ч. Сепак, разликата меѓу 110 км/ч и 130 км/ч на автопат е голема од аспект на потрошувачката. Некаде и до десетини од литар на 100 км. Навистина, и сами веројатно сте сведок колку патиштата станаа оптоварени и не ќарувате многу ако возите брзо. Побрзо ќе стасате само до првиот застој. 



Возете помазно 



Наместо да се покажувате и нагло да сопирате и да забрзувате меѓу два семафора, обидете се да бидете порелаксирани. Зошто да го преоптоварувате автомобилот со силни инерцијални кочења и забрзувања? Наместо тоа, забележете ги семафорите, нивната состојба уште оддалеку, предвидете го текот на сообраќајот. Направете се' што можете за да ја извршите истата работа, но со помалку притискање на педалот за гас. 

 

ИзбегнуваЈте кратки патувања 



Моторите премногу се жедни за гориво кога се незагреани, при ладен старт. Дури и модерниве мотори. За кратки релации можете да користете јавен превоз, да возите велосипед или, пак, да пешачите. Наместо гориво ќе потрошите калории.



Користете „cruise control“



Дел од електронската контролна единица кај поновите возила што дејствува како граничник на брзината. Регулирајте го на околу 110 км/ч на автопат и тој ќе ја одржува константно брзината, притоа не трошејќи ни капка повеќе од потребното. Електрониката е значително попрецизна од ��ашата десна нога. Ако имате „adaptive cruise“, кој користи радар за да држи безбедно растојание до возилото напред, тогаш уште подобро за вас.



ИсклуЧете го клима-уредот 



Клима-уредот не е секогаш неопходен. Тој пие дури пет проценти од горивото (на некои автомобили дури и повеќе). Исклучете го за да заштедите, односно користете го кога навистина чувствувате потреба. Но, немојте ниту да ги отворате прозорците наместо тоа. Можете накратко, колку да навлезе свеж воздух во кабината, во спротивно со зголемениот отпор на воздухот потрошувачката е полоша и од таа со вклучена клима.


#
Статијата е прочитана 1180 пати.

Испрати коментар

Од: sale
Датум: 02.12.2010 08:46:38
ako stavate gorivo za 500 denari, stavete za 200 denari,kolata ke trosi kolku poveke i stavate gorivo ! gluposti

Најди! во Утрински
Насловна
Филмска свадба на бизнисменот Калеников
Тиквешански
Европскиот парламент и' отвори фронт на Македонија
Дора Бакојани и Мара Попара во нашиот парламент
Шопинг- манија
Зависноста му го загрози бракот со Кидман
Енергија
Албанците ќе влегуваат во Србија без визи
Дипломатски 9/11
Каде се земаат највисоки плати
Ризиците од соларно невреме
Најголемите рок-кавгаџии
Во Индонезија дизајнирани чевли-правосмукалка
Кога се искрени - на „Фејсбук“ или во официјалните изјави?
Дијаспората - огромен инвестициски потенцијал
Во потрага по најекономично греење
Адио за Јувентус во фудбалска Европа
За името се зборува во телеграмите на „Викиликс“
Дино Мерлин ќе пее за БиХ на Евровизија
Карикатура
Еминем, Лејди Гага, Алиша Кис... номинирани за „Греми“
Како да се избегне „струен удар“ врз домашниот буџет
Почина создавачот на неутронската бомба Самуел Коен
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society