Почина создавачот на неутронската бомба
(02.12.2010г.-09:59ч.) Во САД почина создавачот на неутронската бомба Самуел Коен, пренесоа американските медиуми. Американскиот физичар (89) починал во неделата, по долго боледување од рак на стомакот. Коен ја создаде неутронската бомба во 1958 година. Тој го патентира своето откритие, наменето за убивање луѓе, што нанесува минимални штети на градовите, како „поморална алтернатива“ на другите нуклеарни оружја. САД почнаа да произведуваат неутронски бомби во 80-те години на 20 век. Се смета дека и други држави поседуваат вакво оружје. Коен, кој е роден во Њујорк, учел физика на Масачусетскиот технолошки институт. Тој учествува во создавањето на атомската бомба, пуштена од американски воен авион над јапонскиот град Нагасаки на 9 август 1945 година, на крајот на Втората светска војна. (МИА)
|