Време е да се изгради сериозна и сеопфатна стратегија за привлекување поголем број инвеститори од дијаспората
Многу е тешко, а можеби и невозможно да се дојде до прецизна бројка на Македонци што се иселени од матичната држава. Едни бројки се пласираат од одредени македонски институции, со други бројки калкулираат некои домашни невладини организации и аналитичари, а сосема поинакви се резултатите од пописите на населението во земјите каде што претежно има иселеници од Македонија, на кои луѓето се произнесуваат како Македонци. Како и да е, факт е дека во последниот век, а посебно во периодот од 1960 до 2000 година, значаен број жители се иселија од Македонија и отидоа во Австралија, Канада, САД и во Западна Европа.
Врз основа на анализите на разните податоци, како и други анегдотски показатели, би било сосема разумно и конзервативно да се заклучи дека во овие четири региони има најмалку сто илјади семејства чии корени и потекло се од Македонија. Притоа, една ваква анализа покажува дека е сосема конзервативно да се калкулира со бројка од 30.000 семејства што денес живеат во Австралија, 30.000 семејства во Канада, 20.000 семејства во САД и 20.000 семејства што живеат во Западна Европа. Значи, станува збор за околу 400.000 поединци што или се имаат иселено од Македонија или, пак, се родени надвор од Македонија, но се потомци на родители што своевремено се иселиле од државата. Оваа бројка, најверојатно, е конзервативна, но во отсуство на прецизни показатели, а за целите на оваа анализа е сосема доволно да се прифати како минимална бројка на семејства што живеат во овие држави.
За улогата на дијаспората во македонската економија сум пишувал во неколку наврати. Трансферите и девизните дознаки станаа крвоток на македонската економија, а без нив државата би крахирала преку ноќ. Овие трансфери се составени од средства што дијаспората редовно им ги испраќа на своите роднини и пријатели во Македонија, средства што се заработени во странство од македонски граѓани што секоја година одат на привремена работа надвор од државата. Секако, еден дел се средства што потекнуваат од сива економија преку тргување на одредени стоки или услуги со земјите од регионот. Според самата природа на трансферите и девизните дознаки, многу е тешко да се утврди точното потекло на вкупните трансфери што Народна банка на Република Македонија ги регистрира секоја година преку откупот на девизи од девизниот пазар. Но, од вкупниот износ на трансфери и девизни дознаки, кои во 2010 година, најверојатно, ќе постигнат рекордно високо ниво од најмалку 1,4 милијарди евра, значителен дел се резултат на средствата што редовно се испраќаат во Македонија од спомнатите 100.000 семејства што ја сочинуваат македонската дијаспора.
Значењето на овие трансфери и девизни дознаки за македонската економија е енормно. Вкупниот износ, кој ќе изнесува најмалку 1,4 милијарди евра во 2010 година, влегува во калкулациите при мерењето на македонското бруто домашно производство (БДП). Со други зборови, речиси 20 проценти од БДП за 2010 година се резултат на трансферите и девизните дознаки. Уште поспецифичен за оваа година е фактот што вкупниот износ на трансфери и девизни дознаки, кој ќе биде најмалку 300 милиони евра поголем споредено со вкупниот износ од 1,1 милијарда евра во 2009 година, поединечно ќе придонесе кон зголемување на БДП з�� 2010 година од најмалку 4,5 проценти! Меѓутоа, спрема сегашните процени за БДП како целина, веројатноста е голема дека конечната стапка на раст за цела 2010 година ќе изнесува околу 1 отсто. Значи, податокот дека од една страна трансферите и девизните дознаки ќе го зголемат БДП за најмалку 4,5 отсто, но БДП како целина ќе се зголеми за само околу еден отсто за 2010 година, несомнено значи дека ќе се оствари пад во другите сегменти од домашната економија, како што се индустриското производство, домашната потрошувачка и инвестициите. Кога трансферите и девизните дознаки се веќе толку важен сегмент од македонската економија на годишно ниво, се поставува прашање зошто државата нема стратегија за сериозно таргетирање на дијаспората како можен и реален извор за странски инвестиции во Македонија? Вкупните директни и портфолио- инвестиции за првите осум месеци од 2010 година изнесуваат мизерни 70 милиони евра. Очигледно е дека стратегијата на сегашната Влада за привлекување странски директни инвестиции (СДИ), и покрај добрите намери, беше тотално промашување.
Да се вратиме повторно на конзервативната проц��на од околу 100.000 семејства што денес живеат во Австралија, Канада, САД и во Западна Европа. Факт е дека од осамостојувањето на Република Македонија одреден број Македонци од дијаспората се вратија во државата и се обидоа да инвестираат дел од својот капитал стекнат во странство. Иако вкупната бројка на вакви инвеститори е мала, сепак, овој тренд посебно доби на интензитет во последната деценија. Меѓутоа, со ретки и чесни исклучоци, најголем дел од ваквите инвеститори или се откажа или си замина, секој со своја хорор-приказна. Се разбира, недостигот од институционална поддршка, неефикасното и корумпираното судство, како и општата бизнис-клима и бизнис-практика во Македонија, во голема мера ги разочара македонските повратници што се обидоа да инвестираат во својата татковина.
Но, потенцијалот на дијаспората како извор на СДИ во Република Македонија е огромен. При една многу конзервативна процена може да се дојде до заклучок дека секое од спомнатите 100.000 семејства поседува нето-богатство од најмалку 300.000 евра по семејство. Во оваа бројка не влегува вредноста на примарната семејна куќа, што е основна потреба за секојдневниот живот. Редовните приходи што овие семејства ги остваруваат на годишно ниво, по основа на плати, камати, дивиденди или бизнис-профити, исто така, се посебна категорија. Значи, по една многу конзервативна процена, македонската дијаспора во Австралија, Канада, САД и во Западна Европа поседува нето-богатство, надвор од основната семејна куќа, од најмалку 30 милијарди евра. Овој износ е еднаков на околу пет годишни БДП на Република Македонија.
Една разумна стратегија, која таргетира привлекување на само еден процент од нето-богатството на македонската дијаспора во форма на СДИ во Република Македонија, би претставувало годишен влез од околу 300 милиони евра. Се разбира, потребно е да се подготви клима и да се изгради доверба кај дијаспората дека нивните инвестиции во Македонија ќе се заштитени, без разлика кој е на власт. Потребни се и иновативни предлози и проекти што ќе го привлечат вниманието на дијаспората за инвестирање во Македонија.
Дијаспората претставува огромен потенцијал како извор на СДИ. Време е да се изгради една сериозна и сеопфатна стратегија, чија цел ќе биде привлекување поголем број инвеститори од дијаспората да инвестираат во Република Македонија, за доброто на својата татковина и, секако, за доброто на самите инвеститори.
Makedonija ima finansiski edna od najslabite dijaspori.Makedoncite po svetot se pretezno rabotnici, mnogu, mnogu mal del se "gazdi" no sitni.Onie koj se smetaat za uspesni i bogati tamu, mozat da se izbrojat na prsti, a nekoj se veke i od vtora-treta generacija,koj nitu zboruvaat kako treba Makedonski,nitu pa Makedonija gi interesira. Zaboravete na finansiska pomos od nasata dijaspora, od pricina sto ne e voopsto finansiski mokna. Ovde ima mnogu pomokni od niv.(drugo prasanje e kako dosle do taa mok).Napravete edna mala sporedba pomegu Makedonskata dijaspora i:Grckata, Srpskata,Albanskata,Hrvatskata,Ukrainskata, Ermenskata,Turskata.....pa ke vi stane jasno sto e mokna dijaspora.Sepak blagodarnost i za ona sto dosega go vlozile za Makedonija,no, da se drzime do realnosta,a taa e takva kakva sto e.
Од: dilan
Датум: 01.12.2010 14:08:21
Potencijal da no nerealno e da se ocekuvat investicii od dijasporata osven vo nedviznini(stanovi,kuki,dukani)i dobrite privlecni nasi bankarski kamati za stedenje!daleko od oci daleku od srce veli narodnata! sami ako ne si gi resime problemi drug ne gi resava!po vasava logika Obama trebase Kenya raj da ja napravi zosto e tatkova domovina
Од: goran
Датум: 01.12.2010 14:32:49
nema potreba takanarecenata dijaspora da investira vo makedonija, dovolno e site ovie emigranti ednas na 2 3 godini da ja posetat makedonija i da potrosat tuka po 1000 2000 evra , e toa tie stranska investicija.
a za da investiras Treba da IMAS IMAS IMAS IMAS IMAS, pari, firma kola prijateli rabotnici knigovoditeli advokati traktoristi soferi rabotnici masini fabriki matrejali za rabota
Од: od dijasporata
Датум: 01.12.2010 15:12:38
nashite politicari imat edna drzhava i ne znat da ja razvijat i cekat od dijasporata.a tuka vo dijaspora nashite se obicni rabotnici koj zarabotuvat za da zhiveat a tie shto se so generaci tuka niti sakat da cujat za mk.
Од: ne e bitno
Датум: 01.12.2010 15:17:20
Jas mislam deka nasite ne investiraat od pokraj drugite pricini, poradi i "seznakovcite" kako Jovan, koi niti nekogas rabotele, niti znaat sto e toa kapitalizam, niti go rzbiraat poimot "gazda" :D
Од: Od Kanada
Датум: 01.12.2010 19:24:09
Treba da si lud da investiras vo Makedonija...podobro zakopaj gi vo dvor neka si stojat nego da ti gi zeme preku mito i korupcija nekoj SLB bez P...A ako Doncev e toj sto treba da pravi strategija e togas stvarno kraj, nema sto da se zbori poveke.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 01.12.2010 22:42:31
Касно е Дончо....касно. Точно е тоа дека генерално Макеодноцие се работници, и нема некои истакнати газди, освен некои тука таму фамилијарни бизниси. Времет�� си го прави своето. Децата се интегрираат во овдешните општества, далечината исто така е голем хендикеп. Но од друга страна уште од осамостојувањето на државава никој, апсолутно никој не беше заинтересиран за понуда за приватизацијата. Се имаше одбивност кон дијаспората, мислам дури и понижувачки став кон своите. Сега е касно, дојдоа некои газди си направија свои олигархии, место нема за никој друг освен ако си партиски војник. Енда комплетна искривена стратегија уште од почетокот. Криво насадено дрво драги мои.
Од: usa
Датум: 02.12.2010 03:55:13
e pa mili moi sonarodnici da vi kazam dva tri zbora od dalecna zemja! makedoncite vo dijasporata , navistina pretezno od niv se rabotnici, ama rabotnici, rabotele i specalile, navistina tesko, bez kafinja i moabeti! se na svoj grb! grcite, bugarite, albancite, srbite isto taka se rabotnici! gazdi ima ama i tie se rabotnici! za razlika od vas! i glumcite vo hollywood se rabotnici! nekogas snimaat sceni i po 18 saati dnevno! taka da jovane gazdi so tasna i masna koi samo uzivaat ima samo vo makedonija! dilan, kenija za nekogo e raj! za bratot na obama! jadniot ne znae za podobro! luge vi e navistina treba da si go isperete mozokot! koj ke vi dojde da investira vo taa dupka i pod koi uslovi? zar navistina mislite deka nekoj ke vi donese pari? pa uste nestignati parite vo makedonija, vie ke gi ukradete! birokratijata vi e katastrofalna! nikakva biznis klima! za mene investicija tamu e stavanje zdrava noga vo trn!
Од: seit
Датум: 02.12.2010 08:10:22
Da dijasporata e dobra samo koga investira ili koga nosi pari vo zemjata, a kolku vladata ja pocituva dijasporata ??? od sto mnogu ja pocituva na sekoj koj bara pomos od vlasta bilo zs pasos ili nekoj dokument , go prasvet kaj ranotite?? i togas pocnuva crpenje daj za ove ,- daj za one ,! i odi vo Skopje za da zemis pobrzo pasos , toa li e pocit ??? ili e toa izzivuvanje i sikaniranje na tie od dijaspora .