Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter

Потрошувачка

Како да се избегне „струен удар“ врз домашниот буџет

„ЕВН Македонија“ им препорачува на домаќинствата да ја користат струјата разумно, со што и сметките ќе бидат пониски

Зошто е потребна едукација за разумно користење електрична енергија? Пред се', затоа што глобалната идеја за зачувување на околината почнува со поединецот. Разумното трошење значи повеќе енергија за подолго време, помалку емисии на штетни гасови при производството на струја и се' повеќе користење на обновливите извори. Со заштедата во трошењето на домаќинствата им остануваат повеќе пари во домашниот буџет, со што полесно и поредовно ќе можат да ги плаќаат сметките за струја. Така е подобро, отколку да се собираат сметките по неколку месеци. Во тој случај тешко ќе помогнат и кампањите со кои се нудат разни поволности за плаќање. Истовремено, неразумното трошење струја придонесува и за лош квалитет во снабденоста, поради поголемата потрошувачка во однос на инсталираните капацитети, како и за поскапо производство или набавка на електрична енергија што станува се' понеопходна и поскапоцена.

„ЕВН Македонија“ во изминатите години интензивно работи на имплементирањето мерки за разумно користење на енергијата.

Името на компанијата, односно кратенката ЕВН, на германски значи разумно користење на енергијата.

Како досега, така и оваа зима ЕВН продолжува со едукација на корисниците за рационално користење струја. Преку едукативните медиумски кампањи им се пренесуваат на граѓаните пораки за штедење во нивните домови. Во текот на оваа година Центарот за односи со корисниците им дава совети на граѓаните, на компаниите и на институциите како рационално да ја користат енергијата, а специјализирани тимови на ЕВН на повик даваат совети за ефикасно користење на енергијата на терен.

Во рамките на заложбите за енергетска ефикасност е и училишниот проект што трае веќе трета година меѓу најмладите. Учениците од 10-годишна возраст преку предавања, едукативни помагала, боенки, постери, како и со квизови на знаење, учат што е тоа енергија, како се користи и како се штеди.

Покрај услужната линија на контакт-центарот 0890 12345, отворена нон-стоп 24 часа, и медиумските пораки, граѓаните повеќе совети можат да најдат и на веб-страницата на „ЕВН Македонија“.



Еве дел од советите:



Колку што е пониска температурата во просторијата, толку е помала потрошувачката на енергија.



Не поставувајте го ладилникот до шпорет или до друго грејно тело и редовно контролирајте ја температурата на ладилникот. Редовно одмрзнувајте го. Само 1 см мраз може да значи и до 75 отсто повисоки трошоци за електрична енергија. Не ставајте загреани продукти во него. Доволни се плус 6 °Ц во ладилникот и -18°Ц во комората за длабоко замрзнување. За секој степен помалку вашиот апарат троши од осум до десет отсто повеќе струја.



Користете ја програмата за штедење енергија кај машините за перење. Извалканата облека ќе се испере и на 60°Ц. На овој начин штедите енергија.



Користете садови за готвење со големина што одговара на големината на ринглата за да нема загуба на топлина. Покривајте ги садовите за готвење со капак за да го намалите времето за готвење. За јадења што се готват подолго време користете садови за готвење на пареа. Не ја отворајте непотребно рерната за време на готвењето.

Гаснете ги светилките кога ги напуштате просториите за подолго од 10 минути. Користете штедливи светилки за просториите што ги осветлувате подолго време. Една штедлива светилка со моќност од 20 вати дава исто количество светлина како и обична светилка со моќност од 100 вати.

Кога ја користите машината за миење садови за помалку извалканите садови изберете ниска температура за миење.

Не ги покривајте и не ги заградувајте грејните тела со мебел или со тешки завеси за да можат е да даваат повеќе топлина во просторијата. Вратите и прозорците отворајте ги почесто, но краткотрајно, за да не се изгуби топлината од просторијата.

Редовно чистете ги филтрите од климатизерите, покрај тоа што е економично, исто така, е добро и за здравјето.

Искористете ги опциите за програмирање на електричните уреди за да заштедите енергија без да си го нарушите комфорот. Електричните уреди што поддржуваат стенд-бај режим треба да се остават вклучени само во неопходни случаи. (М.Т.)

Средна годишна потрошувачка при стенд-бај режим:

Апарат квч. годишно

Телевизор 79

Музички систем 73

PC со принтер 110

 

И исклучен компјутер штеди струја

Гаснење на светлото при излегување од соба, исклучување на компјутерот по работното време, кратко проветрување на струјата со широко отворена врата... и низа други примери ќе им бидат презентирани на македонските граѓани како едноставна поука за штедење струја. Под мотото „Вклучи го мозокот, исклучи ја струјата“ Министерството за економија, МЕПСО и ЕЛЕМ почнуваат кампања за порационално користење на електричната енергија.

Цел е да им се помогне на граѓаните да научат како да не се лишат од секојдневните потреби од електрична енергија, но притоа и да го штедат домашниот буџет. Кампањата ќе трае во следните три месеци, а почнува деновиве со неколку телевизиски спотови со пораки за штедење струја. Во спотовите се обрнува внимание на домашните електрични апарати и на проблемот со нивното несовесно користење. Ќе има пораки и за корисниците на деловните простории насочени кон рационализирање на работата со канцелариските апарати.

Едукативниот дел од кампањата е насочен и кон децата во основните училишта низ Македонија. За нив ќе биде организиран едукативен карван во 13 града каде што ќе бидат организирани предавања на оваа тема. Учениците преку 45-минутни предавања во училиштата од страна на обучени инструктори ќе бидат информирани за начините на штедење електрична енергија. Ќе им бидат поделени промотивни материјали и анкетни листови за да се види колку учениците на оваа возраст размислуваат за овој проблем и дали во нивните домови се разговара и работат на штедењето електрична енергија. На децата, како и на возрасните, ќе им бидат презентирани и можности за користење енергија од обновливи извори, како што се сонцето или ветерот.

За штедењето ќе се разговара и на серија трибини низ општините каде што ќе бидат присутни и локални експерти што ќе го понудат своето мислење за ефикасно и рационално користење електрична енергија. На единиците на локалната самоуправа ќе им бидат делени прирачници со конкретни примери за едукација на граѓаните за примена на енергетски ефикасни уреди во домаќинствата. Покрај ова, информираат од Министерството за економија, кампањата предвидува и видео, радио и печатени материјали што се насочени кон едуцирањето на пошироката јавност, а ќе бидат организирани и ТВ-дебати на националните телевизии. (С.Н.)

Радовиш ќе добие економично осветлување

Радовиш - Градоначалникот на Општина Радовиш, Роберт Велков, информира дека Општината ќе инвестира во ново економично улично осветлување.

Тој изјави дека во текот на месецот булеварот, кој води кон излезот и влезот на градот, но и до црквата „Света Троица“, пробно ќе биде осветлен со нови штедливи светилки.

„Осветлувањето на булеварот во Радовиш создаваше 30 проценти трошоци во вкупното улично осветлување. Со промената на старите светилки со т.н. лед-диоди очекуваме да заштедиме електрична енергија за околу 70 проценти“, вели Велков.

Тој додава дека доколку со користењето на новите светилки се покаже дека ќе има заштеда ��а електрична енергија, за наредната година ќе побара промена на уличните светилки низ цела општина.

„Во овој случај очекувам поддршка од Советот на општина Радовиш за промена на целото улично осветлување во општината, а вкупната инвестиција ќе чини 250.000 евра“, вели Велков.

Во општината Радовиш во тек е и украсувањето на улиците со новогодишни украси, за што се одвоени 350.000 денари. Украсите се со лед-диоди, а се очекува тие да трошат помалку електрична енергија. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1143 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Филмска свадба на бизнисменот Калеников
Тиквешански
Европскиот парламент и' отвори фронт на Македонија
Дора Бакојани и Мара Попара во нашиот парламент
Шопинг- манија
Зависноста му го загрози бракот со Кидман
Енергија
Албанците ќе влегуваат во Србија без визи
Дипломатски 9/11
Каде се земаат највисоки плати
Ризиците од соларно невреме
Најголемите рок-кавгаџии
Во Индонезија дизајнирани чевли-правосмукалка
Кога се искрени - на „Фејсбук“ или во официјалните изјави?
Дијаспората - огромен инвестициски потенцијал
Во потрага по најекономично греење
Адио за Јувентус во фудбалска Европа
За името се зборува во телеграмите на „Викиликс“
Прирачник за штедливи возачи
Дино Мерлин ќе пее за БиХ на Евровизија
Карикатура
Еминем, Лејди Гага, Алиша Кис... номинирани за „Греми“
Почина создавачот на неутронската бомба Самуел Коен
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice