Адио за Јувентус во фудбалска Европа
(02.12.2010г.-09:55ч.) Италијанскиот гигант Јувентус е елиминиран од фудбалската Лига на Европа. Во вчерашните натпревари од шест групи од предпоследното коло на Лигата, познати се девет екипи што ќе ги продолжат натпреварите и на пролет. „А“ група: Лех - Јувентус 1:1 и Манчестер Сити - Салцбург 3:0 . Табела: Манчестер Сити 10 бодови, Лех 8, Јувентус 5, Салцбург 2. „Б“ група: Атлетико Мадрид - Арис 2:3 и Розенборг - Баер Леверкузен 0:1. Табела:Баер Л. 11 бодови, Атлетико Мадрид и Арис по 7, Розенборг 3. „Ц“ група: Гент - Левски 1:0 и Спортинг - Лил 1:0. Табела: Спортинг 12 бодови, Гент 7, Лил 5, Левски 4. „Г“ група: Хајдук - АЕК 1:3 и Зенит - Андерлехт 3:1. Табела: Зенит 15 бодови, АЕК 7, Андерлехт 4, Хајдук 3. „Х“ група: Одензе - Хетафе 1:1 и Јанг Бојс - Штутгарт 4:2. Табела: Штутгарт 12 бодови, Јанг Бојс 9, Хетафе и Одензе по 4. „И“ група: Металист - Дебрецин 2:1 и Сампдорија - ПСВ 1:2. Табела: ПСВ 13 бодови, Металист 10, Сампдорија 5, Дебрецин 0. Пласман во нок-аут фазата од овие шест групи до сега имаат обезбедено: Манчестер Сити, Лех, Баер Леверкузен, Спортинг, Зенит, Штутгарт, Јанг Бојс, ПСВ и Металист. За вечерва се предвидени натпреварите од 5.коло во останатите шест групи. Натпреварите ПСЖ - Севиља (19 часот) и Виљареал - Динамо Загреб (21.05 часот) ќе бидат пренесувани на тв Канал 5.
|