Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter

Кога се искрени - на „Фејсбук“ или во официјалните изјави?

Владиниот портпарол, Мартин Мартиноски, неодамна преку социјалната мрежа употреби непримерни квалификации против амбасадорот Фуере

Соња Крамарска


Кога се искрени - кога даваат официјални изјави или кога пишуваат на „Фејсбук“? Популарната социјална мрежа се' повеќе го заслужува епитетот „стриптиз“ на македонската социјална, бизнис и политичка сцена. Секој си ги разголува сопствените мисли, без да води сметка кој го чита тоа и како ќе се протолкува.

„Немој да му правиш вакви стресови на гласникот, може лесно да се возбуди...“. Гласникот не е никој друг туку амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, а авторот на овој коментар на „Фејсбук“ не е никој друг туку портпаролот на Владата, Мартин Мартиноски.

„Немој вакви стресови да му правиш на гласникот. Стар човек е, може лесно да се возбуди и да те напише во наредниот извештај дека вршиш притисок спротивно на Виенска конвенција за дипломатски односи, член 29. Ќе си пише рапорт дека прашањето му предизвикало непријатност и црвенило на лицето“, гласи коментарот.

Зарем мислите дека тоа може да биде официјален владин коментар? Се разбира, не може, без оглед што се речиси транспарентни позициите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кон амбасадорот на Брисел во Македонија. Односно, не гледаат благонаклонето кон неговата работа.

Но, ако веќе нешто не може да се вклопи во официјалните настапи, тогаш тука е мрежата „Фејсбук“, која никогаш не е доволно сериозно сфатена, но секогаш е доволно фреквентна за вашиот став да стигне до повеќе стотици илјади публика. Едноставно, зарем не?

Отровните стрели беа упатени кон Фуере, веднаш по објавувањето на извештајот на Европската комисија на чија содржина македонскиот државен врв остро реагираше поради некористењето на терминот „македонски јазик“. И алузиите на владиниот портпарол се однесуваат токму на тоа прашање.

Мартински не е осамен во користењето „Фејсбук“ за да го каже она што му лежи на срце, а што е непримерно да го каже во официјален настап. Завчера, ударната тупаница на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, речиси цел ден преседе на телефонска линија со новинари од А1, кои му забележаа дека се зачленил во „Фејсбук“-групата „Да се собереме 2.000 души и да ја запалиме А1“. Димовски демантира, А1 тврди дека тој го избришал своето име од групата откако јавно е обелоденето неговото членство таму.

Но, кога се искрени политичките личности? Кога ги даваат изјавите што се составени во нивните кабинети, или кога седат пред своите компјутери и вршат виртуелен стриптиз на своите мисли?

„За јавните личности, исто како и за сите други, важат истите правила да нема говор на омраза во нивните коментари на ’Фејсбук‘. Сепак, постирањето навредливи содржини и оставањето недолични коментари од страна на политичари во Македонија стана тренд што се должи на недоволното образование и обука за користење нови медиуми“, вели Анастас Вангели од Центарот за истражување и креирање политики.

Не така одамна се крена голема бура околу пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Георгиевски, кој на „Фејсбук“ постави песна и стихови од контроверзниот хрватски пејач Марко Перковиќ-Томпсон, чија музика на хрватската и на балканската сцена е „брендирана“ како профашистичка, усташка и нацистичка.

Вангели цинично вели дека е благодарен што „Фејсбук“ овозможува јавноста да има увид и во такви детали. „Пратениците што споделуваат фашистички песни, лица на власт што си коментираат меѓу себе на колоквијален и вулгарен јазик, кои се зачленуваат во групи насловени како ’Смрт за...’ или ’Да се запали...’. Во еден период мислев да го документирам тоа, бидејќи еден ќе биде третиран сериозно од јавноста, но и од властите“, вели тој.

За волја на вистината, некои од ставовите на политичките личности од Македонија, што ги споделуваат на „Фејсбук“, не се драматично поразлични од оние што ги застапуваат во јавниот говор, но се значително поекстремни. Фактот, пак, што „Фејсбук“ кај нас, за разлика од другите држави, повеќе се доживува како забава, а не како медиум за комуникација (што. Всушност, е), ги прави политичарите невнимателни иако може да трпат последици.

„Кога некој, особено политичар, поддржува и шири говор на омраза, тоа не е само политички гаф, туку и потенцијално кривично дело“, вели Вангели.

Во македонскиот виртуелен свет, кој во последно време личи на воено жариште постојат и групите како „Да најдеме милион луѓе на кои не им се допаѓа Грција“, „Чие име ќе менувате гниди грчки“, „Без педери нема држава, а со нив државата е како швајцарско сирење“. За нив дознавме откако е обелоденето дека таму членувал и Цветин Чилиманов, член на Канцеларијата за односи со јавноста на претседателот Ѓорге Иванов.

Светските агенции се затрупани со вести за губење работни места, принудување на оставки од политички и бизнис-позиции поради екстремни изјави на јавни личности, па дури и на обични вработени што несвесно ќе откријат или деловна тајна или ќе го озборуваат шефот преку „Фејсбук“, „Твитер“ и други мрежи.

Во Македонија социјалните мрежи се само алатка за забава. Додека да пристигнат првите тужби или негативни критики на коментари на „Фејсбук“, кои, всушност, излезени од компјутерите на јавни личности имаат тежина на политичка изјава.














#
Статијата е прочитана 2825 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 01.12.2010 12:30:52
Соње не им замерај,Деца кај глеаш во нив ОЗБИЛНОС тежина.Тешко Држава со вакви луѓе.
Од: Hari
Датум: 01.12.2010 13:18:13
Debaklot na nadvoresnata politika na Makedonija zapocna vo 2006 godina koga na vlast dojdoa deca od ulica, so nevidena arogancija i zelni za pari. Nacionalizmot i sovinizmot na DPMNE(ne na VMRO) ne donese do ova deredze. Denot koga ce si zaminat od politickata scena ce bide praznik za Makedonija.
Од: b
Датум: 01.12.2010 13:54:49
Исфрустрирани и неуки деца!„
Од: 3G
Датум: 01.12.2010 15:40:34
Sacimarakis ne moze ili presmetano ne saka da napravi razlika pomegu zakana i predupreduvanje ili potocno ukazuvanje deka ke go izgubi kredibilitetot dokolku kako i Taler deluva antimakedonski pod plastot na evropski i diplomatski. Toa narodot go gleda. Kako i toa deka nema potreba da bide potplaten eden Grk kako nego koj ocigledno i bez toa raboti protiv Makedonija. Vlatko Gorcev samo grubo vozvratil na provokaciite i destrukciite na Fuere koj isto taka e obelezan od narodot mnogu porano. Odnesuvanjeto na vladata e kako nikade bidejki nikoja druga opozicija ne gi drzi site klucni institucii i pozicii i pritoa ne napaga najprostacki nisko po licniot integritet na Nikola Gruevski i Gorge Ivanov namesto f-ciite prem. ili prets. ili pak nivnite politiki i partii a za toa ne reagirate sto e dokaz za losite nameri i diskriminacijata od vasa strana. Apsurdno e da se zboruva za ogranicuvanje na slobodata na mediumite vo demokratsko pluralisticko opstestvo i slobodna ekonomija.
Од: karokan "gambit"
Датум: 01.12.2010 16:57:53
Eve gi g-dine Felix tvoite junaci od "he,he,he......!!! Ne veruvam deka ne si mozel da go otkries nivnoto vistinsko lice,ili mozebi se lazam!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Samiot ne veruvam deka ti si clen na nekoja od spomnatite (ekstremni) grupi kako "Smrt za.......", "Da ja zapalime........" ili negoja grupa so profacisticka orientacija. Ili mozebi i jas ne sum go otkril tvoeto vistinsko lice?????????????? Ajde,demantiraj me!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ne e bitno
Датум: 01.12.2010 18:41:47
3G treses gluposti. Tolku. Gabe ti e diplomata od London, London te vide tebe izgleda, a ti nego? Da go videse, ke nemase da ostavas vakvi komentari. No kako sto rece eden citatel, svetot odi napred, MAkeodnija tapka, ima nekoja pricina za toa neli? Metodite ne vi se dobri, ili imate skrisni zelbi? Boze sacuvaj kakvi luge ziveat vo Mk.
Од: Mila Ninovska
Датум: 02.12.2010 11:26:36
sekoj moze da otvori profil na fb pod drugo ime? po shto ste vie sigurni deka ova bila izvorna izjava na Martin ?

Најди! во Утрински
Насловна
Филмска свадба на бизнисменот Калеников
Тиквешански
Европскиот парламент и' отвори фронт на Македонија
Дора Бакојани и Мара Попара во нашиот парламент
Шопинг- манија
Зависноста му го загрози бракот со Кидман
Енергија
Албанците ќе влегуваат во Србија без визи
Дипломатски 9/11
Каде се земаат највисоки плати
Ризиците од соларно невреме
Најголемите рок-кавгаџии
Во Индонезија дизајнирани чевли-правосмукалка
Дијаспората - огромен инвестициски потенцијал
Во потрага по најекономично греење
Адио за Јувентус во фудбалска Европа
За името се зборува во телеграмите на „Викиликс“
Прирачник за штедливи возачи
Дино Мерлин ќе пее за БиХ на Евровизија
Карикатура
Еминем, Лејди Гага, Алиша Кис... номинирани за „Греми“
Како да се избегне „струен удар“ врз домашниот буџет
Почина создавачот на неутронската бомба Самуел Коен
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society