|
|
|
|
|
|
Поглед
Шопинг- манија
Билјана Ангеловска
Фала Богу, наскоро ќе нема потреба да одиме дури до Солун на шопинг. Ќе можеме да си пазариме дома, а да се чувствуваме како да сме во Грција. Новиот голем шопинг-мол, кој е предвидено да се гради пред самиот граничен премин Богородица, ќе ни го овозможи тоа задоволство. Ем ќе уживаме додека шопингуваме во западњачка атмосфера (трговскиот ќе биде по теркот на европските современи центри) ем ќе си ги заштедиме еврата, оти ќе пазариме во денари.
Можеби требаше државата порано да се сети да направи вакво нешто, уште додека имавме проблеми со визите, па не можеше секој да тркне до Солун кога ќе посака да си се поднови со нешто. Сега излегува дека потегот е малку задоцнет. Но, сепак, никогаш не е доцна за добра инвестиција. Државата ќе продаде илјадници квадрати земја, и тоа не по едно евро, туку по многу повеќе. По колку, ќе видиме откако ќе заврши лицитацијата, ама сигурно ќе биде многу поскапо од 60 денари, бидејќи почетната цена е 1.000 денари од квадратен метар. Од друга страна, кој и да го купи плацот пред границата со Грција, ќе изгради објект од 130.000 квадрати, значи ќе се ангажираат работници, потоа ќе се отворат многу работни места, ќе се трошат пари. Веројатно, ќе доаѓаат и Грците да остават некое евро во Македонија, доста само ние одевме кај нив.
Изградбата и егзистирањето на трговските центри по се' изгледа е најпрофитабилниот бизнис во нашава држава. Во Македонија не се ни гради нешто друго. Само трговски центри. И по некој споменик, се разбира. Очигледно, на Македонците им требаат токму вакви објекти, а не фабрики, болници, училишта. Згора на се', од трговските центри не паѓаат покриви како од болниците. Затоа се и посигурни. Па сега, нека рече некој дека е против вакви инвестиции. Ако смее! |
#
|
Статијата е прочитана 2084 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: fh |
Датум: 01.12.2010 12:38:32 |
|
Parite sto gi ostavat Grcite vo kazinata,pazar itd se 5 pati poveke ,gevgelija edinstven grad so 0% neraboteni site ziveat od Grcite ,prodavnici,kafulinja,familii sto rabotat vo kazinata.Vo solun site kupuvat najeftini raboti od Egnatia ili Ikea,Praktiker. |
|
|
|
|
|
|
Од: o2 |
Датум: 01.12.2010 14:37:53 |
|
Biljana prvo mesas babi i zabi...
Eve i zasto prvo ova e privatna investicija i koj i da go gradi ovoj Mall verojatno napravil Business Plan i napravil dlabinska analiza za vakvo nesto nikoj ne frla milioni evra radi reda....Vtoro zasto veke da e e mozno Grcite da doagaat kaj nas i da ostavaat evra a i korist eventualno bi imale i kazinata hotelite lokalnite restorani i ekonomijata na Gevgelija i posiroko Makedonija.....
Mesanjeto na babi zabi e vo delot na sporeduvanjeto na Bolnoci so Shopping Malls...Drzavata treba da gradi bolnici patista i slicno ..trgovskite centri se sosema drugo i da bideme realni zemete go Skopje za primer osven Trgovski do pred nekoja godini nemase kade ka se pravi shopping a mnogu od ovie novoizgradeni mallovi se lokalni sto e potrebno zasto sepak ne moze nekoj od Gjorce da odi na shopping do trgovski.... |
|
|
|
|
|
|
Од: јас |
Датум: 01.12.2010 14:49:58 |
|
А бладава во своите генијални идеи да ја додаде и оваа : Да ископа длабока дупка и да ја наполни со солена вода.Тоа ќе ни биде море и не ќе мора да одиме во странство за на одмор.А моќи и грчиштана ќе посакаат да дојдат на вакво море и да ни оставаат нам ( за промена ) пари ?! За секој случај нека биде што подлабока таа дупка , за да моше сите да не’ собере , оти вака како што сме тргнале , само за таму сме !! |
|
|
|
|
|
|
Од: 3G |
Датум: 01.12.2010 15:10:04 |
|
I bez part.ocila gledam (duri denes) deka moeto mislenje predizvikalo prilicno mnogu reakcii. No nekoi se tolku strucni sto mi otkrile deka sum bil od nekoe trlo. Jas samo znam deka toa sto go napisav mi e nauceno od studiranjeto na ekonomski vo Skopje i post-diplomski vo London. Malo pojasnuvanje deka sepak se raboti za trend na opaganje na mat. proizvodstvo(prilicno izrazen i rapiden) i finansisko investicioni restrikcii za ogranicuvanje na toa proizvodstvo kako sto rekov od pricini da se spreci zagadenosta pokraj konkurencijata. Fakti za takviot trend i pojava na zatvaranje fabriki i otvaranje trg.centri istaknuvaat i komentatorite i denesnava statija. Toa e uste povidlivo vo poindustrijalizirani podracja-mnostvo napusteni fabriki vo Bugarija. Vo glavno toa se ekonomski ili potocno se uste poveke se ekonomski zakonomernosti otkolku politicko deluvanje.Razlikite za razmena se kvalitativni a raspredelbata se poveke se vrsi od birokratijata. Ulogata na pazarot se izbegnuva i opaga. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 01.12.2010 18:39:01 |
|
3G toa sto si studiral vo London nisto ne kazuva Kazi kakvo rabotno iskustvo imas, so sto i kolku. Togas ke bide tvoeto mislenje so tezina. Se zapnale site vo Mk jas ova ucev, jas ona...ne e do skoloto deca. Ako vidite uspesnite luge i ne se tolku pismeni, do nesto drugo ke da e, ne vi tekna do sega? :) |
|
|
|
|
|
|
Од: Maca |
Датум: 02.12.2010 10:14:45 |
|
He, he uvabo vika "nekoj" deka ne e do skoloto- eve zemete go Premierot za primer, bil potprosecen student, a stana tolku "uspesen" |
|
|
|
|
|
|
|
|