Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter

Свечаност

Филмска свадба на бизнисменот Калеников

Претседателот на ССК и прв човек на фирмата „Кадис“ се ожени со својата избраничка Билјана Доневска. Спектакуларната прослава се одржа викендов во хотелот „Александар палас“

Катерина Шекеровска

Се ожени еден од најпосакуваните ергени. Бизнисменот Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори и прв човек на фирмата „Кадис“, ексклузивен увозник на возилата марка „сеат“, викендов и го кажа судбоносното „Да“ на својата избраничка, Билјана Доневска, вработена во филмската продукција „T-Rex“. Свадбата се одржа во хотелот „Александар палас“, а присутните, повеќе од 450 гости, меѓу кои и многу познати фаци, политичари, бизнисмени, музичари... се' уште се под импресии, опишувајќи ја свадбата како филмска, со многу изненадувања, весели гости и уште повесели младоженци.

„Свадбата на Златко и Билјана долго ќе се памети. Одамна не сме присуствувале на таков спектакл, осмислен од самиот почеток до крај“, ни изјави еден од присутните гости на свадбата. Имено, гостите биле пречекувани во фоајето на хотелот каде што за добредојде стоеле македонски брачни парови - почнувајќи од праисториско време, па антички период, византиски брачен пар, македонски брачен пар од отоманскиот период, пар во традиционална носија и на крајот, како шлаг на тортата - Златко и Билјана со натписот „македонски брачен пар денес“.

И сето тоа по идејата на Калеников, кој како хоби ја има филмската режија, а може да се пофали и со актуелниот спот за македонското вино. Не треба многу да се размислува за да се погоди чија била и идејата да се влезе во затемнета сала со флуоросцентни детали во „Палас“ со звуци на музиката од филмовите „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“. Сите оние што малку повеќе го познаваат Калеников знаат дека тој ужива во археологијата, па сосема е нормално и тоа што најголемиот дел од подароците биле токму со такви мотиви. Не попусто го викаат македонскиот Индијана Џонс...

Присутните коментираа дека Златко не можел подобро да избере - невестата е како бонбонче, шеќерче, како Снежана од Снежана и седумте џуџиња... Двојката се венча во црквата „Св. Богородица“, а благословот го доби лично од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, кој е нивен семеен пријател. На венчавката и' претходеше и регистрација во Матично по што се' било подготвено за големата прослава на љубовта.

За музичкиот дел од прославата бил задолжен „Аренси бенд“, а во чест на младоженците неколку песни испеал и младиот поп-пејач Ламбе Алабаковски, кого Каленикови го сметаат за свој четврти брат... Меѓу гостите на Златко и Билјана биле и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, чија сопруга е во поодмината бременост, министерот за образование и наука, Никола Тодоров, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Конески, сите со сопругите, бизнисменот Мирче Чекреџи, Иво Јанкоски и Надица Георгиева, многу бизнисмени, роднини и пријатели... Местата резервирани за гувернерот на Народната банка Петар Гошев и неговата сопруга, кои биле уредно и навремено поканети, останале да зјаат празни.

Највесела од сите, секако, била невестата, која носела венчаница со потписот на ателјето „Кокев“ (фризурата и шминката беа доверени на Сретен Костиќ и Дадар), се играло и на столчиња, а посебен штимунг направиле другарите на Калеников од дружината „Чамо и пријателите“, кои во еден момент од свадбата своите црни костуми со розови марамчиња (дело на Елена Лука) ги пресоблекле во специјално дизајнирани маици на кои биле нацртани карикатурите на младоженците и пораката „Bling, bling, I got a ring“. Уште еден посебен момент на свадбата бил и подарокот од колегите од ССК - пет стомачни танчарки...

Врската на Златко и Билјана, која е дипломиран машински инженер, насока екологија, за официјален почеток го има април оваа година. Ги зближува работата, имено Билјана беше одговорна за спотот за македонско вино, по што следуваат и неколку службени патувања. По враќањето од Њујорк, омилениот град на Златко, ја започнуваат и својата романса, која кулминира со побарување за жена за време на турата во Египет.

За свадбата на Каленикови уште долго ќе се раскажува. По официјалниот крај во „Александар палас“, одбраното друштво продолжува да се забавува до зори во нивниот семеен дом. Оттогаш па натаму - и официјално почнува да тече брачниот стаж. Нека се долговечни!


#
Статијата е прочитана 10718 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 01.12.2010 12:19:34
Е ај голема работа ЈАКА ВЕСТ.
Од: Алтеа
Датум: 01.12.2010 12:25:14
По неодамнешната набавка на МВР, каде голем дел од возилата беа купени од фирмата на Калеников (СЕАТ), и по објавениот список на high profile гостите кој присуствувале на свадбата.... не е тешко да се претпостави што ќе се вози по државниве институции и во иднина. А да, среќен брак до младоженците.
Од: martin
Датум: 01.12.2010 12:28:23
eee lopovite uzivaat a narodot gladuva kakvi li te vodat makedonijo prokolnata zemjo
Од: mene
Датум: 01.12.2010 12:43:54
I ova e tolku vazno za da bide vo dneven vesnik!?
Од: Ognen
Датум: 01.12.2010 12:47:57
Госпоѓо уредник, Фидановска, не сте приврзаници на текстови во жолто, ама и вие не може да се одбраните од глупости, слични на оваа - ода за разгаќеноста на оние што од голтари, преку ноќ, користејќи ја еуфоријата на системот, прераснаа во босови, бизнис елита од екстремно западен профил. Селото гори, а бабите македонски се чешлаат и си поигруваат со судбините на стотиците илјади гладни. А вие, за жал, како весник, евтино го продавате просторот и за вакви гламури, изживувања, иронизирања... Утрински би требало да има подруга мисија, отколку на овој начин да ја афирмира лудоста и глупоста.
Од: vaga957
Датум: 01.12.2010 13:17:15
Каде се сиромасите,одете НОВИНАРИИИ...видете како живее обичниот смртник,како преживува и тоа презентирајтего секојдневно пред и во бладата ни наша.Затоа сте новинари а не кој се богаташ се оженил,па и голема работа што направил де!Искористетего вашето право како новинари,боретесе за подобар живот на сиромавиот и Господ ќе ве благослови.Доста и во електонски и во печатени медиуми не малтретирате со вакви глупости.СРАМОТА.....
Од: me
Датум: 01.12.2010 13:47:37
abe luge neli zivkica ,biljana e bivsata . ...ili jas sum greska
Од: mene
Датум: 01.12.2010 13:47:49
A ona go izbrala posto e on mnogu ubav pameten i fin momak neli? Kuti da ne kazam uste nesto pa da me tuzat ko onoj Kotevski sto ja tuzi A1. Inace nenznam sto pisuvate vakvi gluposti, golema rabota , se ozenil uvoznik na SEAT. Aj da e sopstvenik na nekoja fabrika da proizveduva nesto pa da go prodava vo EU i so toa site vo MK da imaat kar togas razbiram , ama vaka uvoznik lele majko kolku pameten covek
Од: duks
Датум: 01.12.2010 14:01:35
kakov stopanstvenik obicen trgovec neka proizvedi nesto i neka im go prodade na spancine togas askol sum inace ne e ni prv ni posleden koj se ozenil
Од: Viktor
Датум: 01.12.2010 14:06:24
C C C ne mi se veruva, na naslovna pa ushte, se ozenil nekojsi Kalenikov. Izoshto e na naslovna? zatoa shto ima pari? pa najposakuvan ergen? Go molam vesnikov da gi objasni kretiriumite za naposakuvaniot ergen, ovde osven pari kako kriterium drugo ne vidov.
Од: Abrozzini
Датум: 01.12.2010 14:07:10
Tito i Jovanka se vencaa pa do den denes nikoj ne vide ni fotografija. Ovie denesnite lopuzi koj znae kolku plakjaat na novinarite samo eve da licat malku na holivudskite retardi i da gi ima po vesnicite. Se e smesno,kic,shund,frustraciii,otpad,l;azen sjaj i glamur ,prazni dushi so mnogu pari nesto nalik zlato bez sjaj. Eee do kaj dojede ovaa propast
Од: Трпе
Датум: 01.12.2010 14:12:21
На телевизија вртев,вртев на сите канали и не најдов да има директен пренос од ова свадба.
Од: Горан - М. Каменица
Датум: 01.12.2010 14:21:58
Мене Калеников ми личи на незрела личност и затоа сум сигурен дека бракот ќе се распадне за помалку од една година.
Од: fani
Датум: 01.12.2010 14:33:45
zoszo lazete deka sum vnela pogresen kod!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: jas
Датум: 01.12.2010 15:10:47
Nevkusen napis vo sekoj slucaj
Од: mirjana
Датум: 01.12.2010 15:34:34
Neka im e so sreka!!!! Ubavo e da se procita i vakava vest i negledam nisto loso vo toa.I dvajcata mi izgledaat simpaticno, iako licno ne gi poznavam.SREKNO
Од: Lele kakva provincijalnost
Датум: 01.12.2010 15:36:25
E so ova samo ja potvrduvate nasata provincijalnost, koga za edna makar i glamoruzna svadba se tolku nasiroko pisuva vo eden seriozen politicki dnevnik, togas se gleda deka makedonija e edno obisno selo, kade sekoj so sekoj se poznava i vo koja sekoj sam si se proglasuva najpoularen, najgledan, najuspesen itn.itn. E toa go nema vo edna Hrvatska, Slovenija, Bugarija, Albanija, a da ne zboruvam za nadvor od regionot.
Од: sonja
Датум: 01.12.2010 16:02:21
ajt posle ceca i svadbata na kalenikov,a koko sto slusnav pred malku i aca lukas ke vi dosol,aj koja selska drzava sme bre!!!
Од: Top tema
Датум: 01.12.2010 16:27:09
Ovaj mnogu "znacaen" nastan za drzavata i nacijata kako top tema ste go stavile na prvata stranica. A licnostite ne gi poznavaat podaleku od Vranje i Djevdjelija. Navistina sme teska provincija!
Од: ivica rist
Датум: 01.12.2010 16:31:09
vaga957 bravo!!! shtom ni je nas gajle za ovie gluposti............ Каде се сиромасите,одете НОВИНАРИИИ...видете како живее обичниот смртник,како преживува и тоа презентирајтего секојдневно пред и во бладата ни наша.Затоа сте новинари а не кој се богаташ се оженил,па и голема работа што направил де!Искористетего вашето право како новинари,боретесе за подобар живот на сиромавиот и Господ ќе ве благослови.Доста и во електонски и во печатени медиуми не малтретирате со вакви глупости.СРАМОТА.....
Од: Виделинка
Датум: 01.12.2010 17:03:27
Јас сум читател на Утрински уште од првиот број на весникот и Ве молам поштедувајте нè од вакви текстови.
Од: Buba
Датум: 01.12.2010 17:21:35
Sto vie na site vas.... ljubomorni balkanci. Deka vie go nemate toa sto nekoj go ima i krivo vi e. Lugjevo izgledaat prekrasno i srekno. Barem i vakvi ubavi vesti da se citaat i ne sekoja makedonska svadba mora da bide ednostavna i bez glamur, Vie samo zborite a oni neka uzivaat vo toa sto go imaat. Neka im e so sreka.
Од: Baba Bota
Датум: 01.12.2010 18:30:15
Со исклучок на Мирјана, сите останати коментари се од типот „да му умре козата на комшијата“. Срамота е бе македонски народе, болен од завист и омраза, еден оваков чин да биде тема за пакосни коментари. НЕКА МУ Е СРЕЌЕН БРАКОТ И ДА МУ ДАДЕ ГОСПОД ЕДЕН КУП ДЕЧИЊА. Се радувам што има и такви луѓе во нашава „мала бара полна со крокодили“, млади, убави и успешни, кои го разбиваат македонското сивило и даваат надеж за подобра иднина. Среќно и за многу години.
Од: igor
Датум: 01.12.2010 18:39:11
lele sramota za vesnik kako utrisnki da pisuva za vakvi raboti, mislam Kalenikov se ozenil??? strasno, ajde site devojki vo crno - bil najposakuvan ergen!!! a nevestava daleku od bonbonce>>> mislam gi otvorila ocite i sigurno go gleda kako vreka $$$$
Од: pero
Датум: 01.12.2010 20:41:10
Zbogum Utrinski. A ne bevte tolku lossi....
Од: kole
Датум: 01.12.2010 21:28:13
Vo sekoj slucaj so srekja da im bide, ama po gostite od VMRO-vska proviniencija gledam sto katara od biznismen bil ovoj????? Cim se smeni vlasta.... otide biznisot........znaci partiski businesman a la VMRO-DPMNE.....
Од: film
Датум: 01.12.2010 21:30:07
Kolku zavisen i nezdrav narod ste bre bre, jazak neka vi e. Nikoj od srce ne kaza neka im e so srekja. Ete ti go makedonskiot skapan mentalitet. E golem keif mi e sto ziveam vo druga drzava i tuka sum uspesen. Na mladozencite koi ne gi ni znam koi se, neka im e so srekja od mene i mnogu deca niz doma da im trcaat
Од: perica
Датум: 01.12.2010 23:03:15
Drustvoto od Chamo najveseli decki na svet.
Од: meri
Датум: 01.12.2010 23:25:51
parada na kic i ne vkus.ne gledam tuka nisto spektakularno za da se zapameti.namesto vakvi kic svadbi da gi dadea parite za lecenje na nekoe dete ke bese podobro.
Од: zulum
Датум: 02.12.2010 00:12:18
Ne se soglasuvam so mnogute komentari, da ne se pisuvalo za vakvi vesti. Zosto da ne? Pak e toj nekoja vidna licnost (za nasi uslovi), a i ubava vest e. No ne se soglasuvam so pocetokot na tekstot, deka toj e eden od najposakuvanite ergeni. Zosto? Poradi toa sto e finansiski situiran dobro? Devojceto, sekoja cest, e "kapka" ubava, no vo nego ne gledam nisto sto go pravi eden od najposakuvanite ergeni.
Од: JOVAN
Датум: 02.12.2010 00:24:58
Stom mi kaza tamu bil i STEFAN i toa go prestavi ne kako religiozna licnost tulu kako FAMILIJAREN PRIJATEL so drugi zborovi BIZNIS PARTNER.Neka im je srekna vencavkata za mlogu godini i so mlogo deca .
Од: Of Lele
Датум: 02.12.2010 03:59:48
Ova ,sto go gledate,nasite od tetovsko, go pravat vo Detroit uste predi, triest Godini[Otvoreni limuzini so bazeni za Mladozencite i Deverite],ama ovde vo Makedonija mi lici,vreme e za nova Rabotnicka Revolucija!
Од: Natasha
Датум: 02.12.2010 07:12:01
Ovde Nikol Kidman napravi svadba, pa se ostana privatno, bez da se rasfrlaat i luksuziraat, doniraa za gladnite vo Afrika. Navistina, ednas se pravi svadba i site probame toa da bide na nivo, ama tolku objasnuvanje, navistina ne bese potrebno, plus i mnogu prostor odzema edna obicna vest. Dobra sreka na mladite.
Од: Trajko Krsteski
Датум: 02.12.2010 08:17:51
Stom ne gi pokanil "Hunzite" odnosno nasite braka od Pakistan, nisto ne mu vredi ovaa parada. Najvaznoto organizatorot go proipustil.
Од: Tode
Датум: 02.12.2010 09:31:13
Mnogu golema vest.Sreka da gi prati mladozencite. Ne gi zanesuvajte lugjeto kako vo Dalas i Bold and Beauty.
Од: Mina
Датум: 02.12.2010 09:32:26
Ne se cudam tolku sto Utrinski pisuva za vakov nastan, tuku poveke se cudam sto nekoj saka i ima zelba da se eksponira po vesnici, spored mene toa e intimna rabota, koja ja proslavuvas so najbliskite. No ocigledno nekoj ima potreba da se pisuva za nego, a toa e olicetvorenie na neizrealizirani licnosti i kompleksi. Vo sekoj slucaj ostanuva razocaruvanjeto od Utrinski vesnik za toa deka svojot kvalitet dosegasen si dozvoluva na odredeni momenti da go spusti po ocekuvanoto nivo. A za toa koj kolku ima, ne mora mnogu da im zaviduvate luge, ostavete gi da ziveat srekno, na kompenzacija...pa sto mislite zosto stana blizok na vlasta Kalenikov,pa zatoa sto saka minimum da se okoristi za zemjiste za salonite koi ne se negovi, a mozebi po pat i nekoj zgrada da izgradi..znaete taka se pravat kaj nas biznismeni...bliski do vlasta...ama toa e dolga tema, taka da luge ne im zaviduvajte, pa sakate da imate zivot 'pod kirija' na vlasta??? Pozdrav

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Европскиот парламент и' отвори фронт на Македонија
Дора Бакојани и Мара Попара во нашиот парламент
Шопинг- манија
Зависноста му го загрози бракот со Кидман
Енергија
Албанците ќе влегуваат во Србија без визи
Дипломатски 9/11
Каде се земаат највисоки плати
Ризиците од соларно невреме
Најголемите рок-кавгаџии
Во Индонезија дизајнирани чевли-правосмукалка
Кога се искрени - на „Фејсбук“ или во официјалните изјави?
Дијаспората - огромен инвестициски потенцијал
Во потрага по најекономично греење
Адио за Јувентус во фудбалска Европа
За името се зборува во телеграмите на „Викиликс“
Прирачник за штедливи возачи
Дино Мерлин ќе пее за БиХ на Евровизија
Карикатура
Еминем, Лејди Гага, Алиша Кис... номинирани за „Греми“
Како да се избегне „струен удар“ врз домашниот буџет
Почина создавачот на неутронската бомба Самуел Коен
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society