Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

За странските бизнис-партнери податоци од нашиот Централен регистар

Македонските компании што имаат странски бизнис-партнери ќе можат да ги дознаат податоците за своето работење, преку домашниот Централен регистар. Сепак, тоа ќе почне да се применува од 2012 година.

Концептот на проектот, во кој се вклучени Македонија, Германија, Ирска, Велика Британија, Србија, Португалија и Австрија, треба да овозможи размена на релевантни податоци меѓу националните регистри за сите бизнис- субјекти, односно да им помогне на бизнис-корисниците преку своите национални регистри да добијат информации за одредена компанија од друга земја за која се заинтересирани.

Инаку, вчера беше соопштено дека Македонија преку Централниот регистар го презема претседателството со Европскиот форум на бизнис-регистри од Германија и во јуни идната година ќе биде домаќин на 15. конференција на оваа Асоцијација. Значењето на конференцијата е дотолку поголемо што на него ќе се разговара токму за поврзувањето на националните регистри, што како пилот-проект е започнат во 2010 година, а треба да заврши во 2012 година. „Се надеваме дека за времето на нашето претседавање ќе има значително напредок во креирањето на оваа платформа што е под директива на Европската комисија“, изјави Ванчо Костадиновски, директорот на Централниот регистар. Тој информира дека се работи на платформата веќе една година и оти Македонија ги има испратено потребните податоци. Европскиот форум на бизнис-регистри е формиран со цел да се подобрат бизнис-услугите за трговијата и за индустријата. Во него членуваат 31 држава, меѓу кои и Македонија, а секогаш на конференциите учествуваат и претставници од меѓународната асоцијација на комерцијални администратори, Светска банка и Европската комисија. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 347 пати.

Испрати коментар

Од: kiroUSA
Датум: 01.07.2011 12:57:32
Nisto ne e mozno vo MK bez korupcija . Imav moznost da patuvam vo MK so gospoda biznismeni koi bea tretirani na MK aerodromot VIP. Interesno bea nivnite komentari za MK kako "not serious litle country".....

Најди! во Утрински
Економија
Не' виделе на Си-Ен-Ен, па дојдоа во „Бунарџик“
Долгот незаприливо расте, каде ќе не' однесе?
НБМ очекува раст на БДП
Светлата на возилата трошат пет милиони евра
Има можности, нема проекти
„Оне“ донираше медицинска опрема во Охрид

"""