|
|
|
|
|
|
Светлата на возилата трошат пет милиони евра
Зголемената потрошувачка на гориво поради користењето вклучени светла на возилата преку ден, ги чини македонските граѓани пет милиони евра годишно. Пресметките на експертите презентирани во Стопанската комора на Македонија покажуваат дека возачите годишно треба да одвојуваат вкупно 600.000 евра само за светилки, а доколку постојано се во движење, би потрошиле околу 210.000 светилки.
Освен негативниот економски аспект, обврската за возење со вклучени светла лошо се одразува и врз животната средина, преку зголемено емитирање отровни гасови. Страдаат акумулаторите и другата електрична опрема. Притоа, ефектот во сообраќајот е речиси минимален, нема евидентно намалување на несреќите.
Од овие причини, многу учесници во сообраќајот, таксисти, граѓани, правни субјекти, возачи на градските сообраќајни возила, бараат да се преиспита законската обврска и евентуално да се скрати периодот на користење дневни светла по примерот на западните земји.
„Се прашувам зошто овој закон не се применува во државите што се многу посеверно од нас, како Холандија и Германија. Австрија почна да го применува, па го укина, во Бугарија и во Хрватска се вози дење со запалени светла само во зимскиот период“, рече Љупчо Гаштеовски од Геотермален систем - Кочани.
Од 2007 до 2010 година, откако во земјава е во сила законската обврска за возење со вклучени светла преку ден, безбедноста во сообраќајот е минимално подобрена и, генерално, не може да се каже дека е резултат од користење дневно осветлување.
„Во 2007 година имаше 173 загинати, во 2008 година 162, во 2009 година 160, а лани 162. Не можеме да потврдиме дека оваа блага амплитуда на намалување се должи на употребата на светла. За сообраќајните незгоди има многу фактори“, вели Кузман Дамчевски, виш полициски советник за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност. (Ек.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 918 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Gjore |
Датум: 01.07.2011 00:26:17 |
|
Ауууу паметам кога се воведе оваа глупост (која важи само во најсеверните земји на ЕУ), партијава сега на власт абе со секири фрлаше... Исто така организираше демонстрации за неплаќање телевизија, па види сега каков пресврт. Инаку странец сум и не припаѓам на ниедна македонска партија. Ниту живеам во Македонија. Се чудам само на превртливоста, на општа штета. |
|
|
|
|
|
|
Од: srebre |
Датум: 01.07.2011 01:02:52 |
|
a sto so toa deka se trosi 8% povece gorivo so zapaleni svetilki?ne samo kolku pari cini toa no so toa i se zagaduva povece znaci kolki li povece ludje umirat od rak?a site znaeme deka zaboluvanje i umiranje od rak poslednite 4 god e duplo zgolemeno..........samo logika za vmro e nepoznat poim... |
|
|
|
|
|
|
Од: Петар Трајков |
Датум: 01.07.2011 06:37:04 |
|
Од донесувањето на законот и почетокот на неговата примена, технологијата отиде напред. Имено на сите новопроизведени коли фабрички се уградуваат дневни светла со диоди кои се далеку поекономични и поефикасни. Ако за класичните дневни светла се потребни 140 вати, новите диодни трошат 5-10 вати. Но ако возите со овие светла полицијата ве казнува оти во законот пишувало да се вози со средни светла. Каква иронија и глупост. По мои пресметки возењето со светла не’ чини не 5 а 8 милиони евра годишно. И покрај силните реакции и укажувања дека овој закон е тотална глупост, никој од надлежните не реагира. |
|
|
|
|
|
|
Од: gogo |
Датум: 01.07.2011 07:07:37 |
|
фала богу некој да го покрене овоа прашање. овој луксуз навистина не е потребен.целиот свет се бори против глобалното затоплување а ние сакаме да го подгрееме уште малку. скоро сите автомобили користат халогени сијалици , и ајде да видам некој нека пипне една загреана. па нормално ке се изгори. и замислете си 100000 автомобили во денот колкава е таа топлина и енергија.тој што внимава не му треба дење светло за да се штити од сообракајка, а пак оној што лудува по патиштата и стадионски рефлектори да намести џабе му е. кога ке се свати дека гинат тие што возат со неприлагодена брзина.доста е со оваа глупост. побргу човек ке умре од инфаркт ако го сопре полицаец и го казни дека нема светло одколку од друга незгода.ДОСТА Е ,ГЛАСАМ ПРОТИВ ОВОЈ ЗАКОН. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vozac |
Датум: 01.07.2011 08:27:09 |
|
Tekstot e pisuvan od nekoj koj najcesto peski ili so gradski javen prevoz go minuva zivotot. KOLITE SO SVETLA SE ZABELEZUVAAT NADALEKU. Tie sto ne vozele komentiraat tie sto vozat bas im e gajle za vasite evra vo sporedba so LINIJATA NA ZIVOTOT.
SRAMOTA VAKVI TEKSTOVI!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Bez logika |
Датум: 01.07.2011 09:34:30 |
|
Pa nie ne sme Finska ili Norveska.pa da se voveduvaat vakvi nelogicki i da ne kazam glupi propisi. Nie imame skoro najgolem broj soncevi denovi vo Evropa , a voveduvame zadolzitelno vozenje so svetla i denje?! Tuku ovi nasi " eksperti " ce slusnat nesto i bez da vodat smetka za prakticnosta i drugite momenti ce go vovedat . Se so cel da bideme sto povece " evropeizirani". A kolku citam 60-70 % vo Evropa ne go sproveduvaat ovaj propis.Pod itno treba da se primeni Hrvatskiot model.,zadolzitelni svetla samo vo zimskiot period . ili vo zavisnost od momentalnite atmosfesrki uslovi( vidlivost, magla, dozd i sl) |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 01.07.2011 10:26:01 |
|
Не сме ни свесни уште колку глупости не очекуваат со влезот во ЕУ. Но така е....кога за ЕУ и НАТО, сме се фатиле како слепци за стап... |
|
|
|
|
|
|
Од: tose |
Датум: 01.07.2011 10:42:29 |
|
da se nadevame deka vladata vo najskoro vreme ke go ukine i ovoj glupav zakon. |
|
|
|
|
|
|
Од: Agron Budzaku! |
Датум: 01.07.2011 11:09:40 |
|
Ovoj zakon bese donesen vo vremeto koga minister za soobracaj bese Agron Budzaku. Jas vednas, no, vo nekolku navrati potoa, reagirav no, site moi argumenti bea zaludni! Edna nasa sonarodnicka od Holandija javno reagirase so ukazuvanjeto deka poradi vakviot zakon sluzime ,,za potsmev vo Evropa,,! Krajno vreme e po povece od 4 godini da se ukine ovoj glupav zakon! Ili i natamu ce se koristi za polnenje na budzetot so visokite kazni za nezapaleno sredno svetlo vo dnevnite casovi? |
|
|
|
|
|
|
Од: jean luc picard |
Датум: 01.07.2011 13:09:35 |
|
иако на почетокот бев тотално против овој закон, морам да признам дека во облачни денови (а такви се повеќето во есен/зимо), многу полесно се забележуваат колите со уклучени светла отколку без нив. но се согласувам дека во период од април/мај до октомври е бесмислено да се вози со запалени фарови, бидејќи е воглавно сончево и светлата не идат воопшто до израз. сум за тоа на есен/зима да се вози евентуално само со позициони светла. |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 01.07.2011 13:51:58 |
|
Cifrata mi se gleda nekako mnogu golema, no za toa navistina ne sum stručnjak. Se slagam so komentari na Vozač i Jean Luc-Picard (haha..): kolata so zapaleni svetla se gleda od mnogu podaleku. Argument, deka vo MK preku leto ova naredba teoretski bi možela da se ukine, veruvam, bi vredel za razmisluvanje. Vo sekoj slučaj, lično za mene kako vozač, e poprifatlivo "kolegite" na patištata da vozat i denski so svetla, nego bez niv - a pogotovo vo oblačno vreme, vo esen, i prolet, za zima da nezboruvam. Na edna strana se plače nad žrtvite na soobrakajni nezgodi, na druga strana - vo nekoi od tie slučaevi zapaleni reflektori možele da bidat od korist. Pozdrav - i bezbedno vozenje :-) |
|
|
|
|
|
|
|
|