Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Не' виделе на Си-Ен-Ен, па дојдоа во „Бунарџик“

„Кемет електроникс“ ќе им биде нов сосед на „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“ и на „Текнохозе“ во „Бунарџик“

Маја Томиќ

Стартува четвртата инвестиција во зоната „Бунарџик“, после „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“, и „Текнохозе“, која се' уште не почнала со производство. Американската компанија „Кемет електроникс“ вчера свечено го одбележа почетокот на својата инвестиција, со фрлање лопата на фабриката што ќе се гради, а која ќе почне со производство во наредната година. Претставници на оваа компанија во Владата потпишаа два договора, за закуп на земјиште од 4,4 хектари за период од 50 години, согласно со Законот за слободни економски зони, и за државна помош. Ќе се произведува целокупна технологија за кондензатори и друга опрема за зелената индустрија. Вредноста на инвестиција е 25 милиони евра, а ќе се вработат 500 лица. На почеток ќе бидат вложени 12 милиони евра и ќе се ангажираат 200 вработени. „Ова е нашата прва фабрика во Европа и наша 11 инвестиција досега. Идејата за инвестирање токму овде ми дојде гледајќи го спотот на Си-Ен-Ен за Македонија. Им се јавив на моите помошници и ги започнавме контактите со македонските власти. За кратко време ја донесовме одлуката да дојдеме на овој пазар, при што големо влијание имаше и консултацијата со ’Џонсон Мети‘ и ’Џонсон контролс“, изјави Пер Лооф, извршен директор на корпорацијата „Кемет електроникс“. Педесет недели траеле контактите и преговорите меѓу Владата и претставници на оваа американска компанија. Како што посочи директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо, првиот контакт со „Кемет електроникс“ се остварила на една меѓународна економска конференција. „Следеа уште многу состаноци додека на ’Кемет електроникс‘ не им се потврдија нашите гаранции за успех и за профит во работата овде, поради законските можности што им ги нудиме на странските инвеститори“, истакна Мизо.

Премиерот Никола Груевски најави дека уште најмалку пет компании ќе дошле да градат во „Бунарџик“ во наредните пет-шест месеци, такви информации му биле пласирани од Дирекцијата за странски инвестиции.

„Со ова инвестиција на ’Кемет електроникс‘, им одговоривме на сите скептици и дефетисти околу тоа дали ни беше потребно да се презентираме на странските телевизии или не. Сега се потврди дека тоа ни беше од полза. Новата инвестиција ќе ја раздвижи нашата економија која се' повеќе покажува знаци на закрепнување“, изјави Груевски.

Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, реформите и мерките кои Владата ги спроведуваше за привлекување на странски инвестиции почнуваат да даваат резултати. „Фактот што ’Кемет‘ одлучи да инвестира во Македонија е потврда дека поволностите што ги нудиме се конкурентни и во глобални рамки. Нивната одлука е резултат на неколку месечни разговори, преговори и презентации кои јас и Агенцијата за странски инвестиции директно ги водевме“, потенцираше Пешевски. Додаде дека моментно се одвиваат преговори со уште неколку потенцијални странски инвеститори. „Во разговори сме со уште неколку реномирани компании. Ќе продолжиме и натаму да ги презентираме фискалните и локациските поволности кај нас. Денешниот почеток на реализација на инвестицијата на ’Кемет‘ ќе ни послужи како одлична референца во овие разговори“, изјави Пешевски.

Инаку, компанијата „Кемет“ е со седиште во Јужна Каролина, САД, има 19 производствени објекти во 10 земји од светот. Таа е една од најголемите светски доставувачи на производи што се користат речиси во сите електронски уреди, вклучувајќи ги и специјализираните уреди за авионската и автомобилската индустрија, комуникациските системи, компјутерска и воена опрема. Во првите три месеци од годинава остварила продажба од над милијарда долари.


#
Статијата е прочитана 2189 пати.

Испрати коментар

Од: НЕАТО И ЕУ преку закуп на територија
Датум: 01.07.2011 00:29:54
Зошто се мастрафеле да пишуваат договор за 50 години? Требало веднсш за сто(100) години да направат договор! Така е најлесно, затоа што секои 100 години че ги ревидираме договорите за нашето територијално салдо. По се изгледа сите други кои до сега НЕ НЕ виделе на СНН (CNN) а знаеле за стогодишнината од 1913 и делбата на Македонија, згора уште се големи компании (мултинационални) и заинтересирани за регионално претставување и присуство во бизнисот ...чекаат да се реши прашањето која територија ќе ожат да ја пишат во своите договори за претставување. А што се однесува до Владата, таа се однесува како да е Македонија нивна дедовина (лична) па ќе почне и да издава под закуп и пристаништа од Солун...по сите норми и тоа омже да го направи. Откако најголемите ќе добијат (НАТО) закуп тогаш и во НАТО и во ЕУ преку ноќ сме влезени!
Од: mimi
Датум: 01.07.2011 06:59:57
Investicija ednakva na vrednosta na triumfalnayta kapija so uste dva lava
Од: Bobi-NYK
Датум: 01.07.2011 08:39:55
So sreka neka e,neka se otvarat uste vakvi fabriki,a za tova od kade slusnale,znaeme nie koj raboti vo Los Angeles,kakvi eksperti ima od sto potenuvaat od mak.
Од: Gorco
Датум: 01.07.2011 08:45:50
Мене ме интересира најмногу, која е онаа плавушата што им беше на местото на настанот, т.е. на прес-конференцијата :)
Од: игор
Датум: 01.07.2011 08:47:36
Поминува кризата, инвестиции, вработувања за народот и пак негодувања од опозицијата. Тоа е природен процес за нераб��тникот - секогаш му пречи успехот на оној кој што работи.
Од: aleksandar makedonski
Датум: 01.07.2011 08:48:44
Da si gi napravite patistata i infrastrukturata vo istocna makedonija,oti i tuka zivee narod a ne samo vo Skopje!!!!Na izborite baravte poddrska od nas,ja dobivte i sega napravete ni gi patistata da moze i ovde nekoj da investira i da vraboti luge,ne samo vo vaseto skopje!Ovde narodot ke krene revolucija ako ne cepnete nisto!!!
Од: baze
Датум: 01.07.2011 09:29:12
@ mimi Investicijata e pogolema od vk investicii vo 10te god sto SDSM bese na vlast. Ako na se se saka dase gleda so potsmev i ironija neka bide - demokratija e, golemi ste i sekoj kako saka neka sudi ama fakt e deka 100, 200 ili 300 semejstva ke se 'hranat' od ovaa investicija. Jeste da toa ne e 'po eden vraboten od sekoe semejstvo' kako sto site znaeme deka bese vo vremeto na Bane... Ama e sepak pocetok.
Од: Lile
Датум: 01.07.2011 11:05:17
Finansiranjeto Vladata na RM vo neproduktivni proekti vo uslovi na kriza e pogolemo od stranskite investicii, sigurna sum deka za ovaa investicija ke se zbori do krajot na 2011 :)
Од: jean luc picard
Датум: 01.07.2011 13:50:13
Супер, ме радува ова. АМА! обрнете внимание на следново: Кемет инвестира 12 милиони евра за ФАБРИКА, а ние само за ацката потрошивме безмалку 10 милиони. Ако се соберат сите споменици и триумфалната капија прашање е колку фабрики ќе можеа да се изградат со тие пари, или патна инфраструктура. Тие фабрики ќе донесеа работа за народот и повеќе пари во буџетот, а со тие пари откако ќе се решеа сите или бар повеќето побитни и поприоритетни проблеми, ќе можеа комотно да се искористат за правење споменици, па да ни биде на сите мерак на душата.
Од: jean luc picard
Датум: 01.07.2011 13:52:59
Супер, ме радува ова. АМА! обрнете внимание на следново: Кемет инвестира 12 милиони евра за ФАБРИКА, а ние само за ацката потрошивме безмалку 10 милиони. Ако се соберат сите споменици и триумфалната капија прашање е колку фабрики ќе можеа да се изградат со тие пари, или патна инфраструктура. Тие фабрики ќе донесеа работа за народот и повеќе пари во буџетот, а со тие пари откако ќе се решеа сите или бар повеќето побитни и поприоритетни проблеми, ќе можеа комотно да се искористат за правење споменици, па да ни биде на сите мерак на душата.

Најди! во Утрински
Економија
Долгот незаприливо расте, каде ќе не' однесе?
НБМ очекува раст на БДП
Светлата на вози��ата трошат пет милиони евра
Има можности, нема проекти
За странските бизнис-партнери податоци од нашиот Централен регистар
„Оне“ донираше медицинска опрема во Охрид

"""