|
|
|
|
|
|
Долгот незаприливо расте, каде ќе не' однесе?
Надворешниот бруто-долг на земјава се искачи на 4,477 милијарди евра, заклучно со март годинава, објави НБМ
Александрија Стевковска Соња Маџовска
Вкупниот долг на државата незапирливо расте. Нивото на задолженост од над 60 отсто од домашниот бруто производ, заклучно со март годинава, според експертите се' уште не е критично, но тие предупредуваат дека е веќе вклучено црвеното светло на тревога, со оглед на тоа дека натамошен раст на долгот ќе ја одведе државата во банкрот. Податоците што вчера ги објави Народна банка на Македонија покажуваат дека во првите три месеци од годинава вкупниот надворешен долг достигнал 4,477 милијарди евра, од кои јавниот долг зафаќа 1,651 милијарда евра, а на приватниот долг отпаѓаат 2,826 милијарди евра. Зголемувањето за три месеци кај државниот долг е за 230 милиони евра, а кај приватниот сектор за 130 милиони евра. Кај јавниот долг не се вкалкулирани парите од ММФ. Тие ќе се појават во мајските извештаи.
Податоците од централната банка покажуваат дека долгот расте и на двата фронта, јавниот и приватниот. Со овие нагорни движења на долгот тој зафаќа над 60 отсто од БДП, од кој процентот на јавниот долг изнесува 22,11 отсто, а приватниот 37,8 отсто. Колку за споредба, на крајот од 2010 година јавниот долг бил 20,5 отсто од БДП, а приватниот 39,12 отсто, процент што сега е намален, но во апсолутен износ е зголемен.
Мислење на експертите е дека вкупниот долг од март наваму е уште повеќе пораснат, со оглед на тоа дека во меѓувреме се повлекоа парите од ММФ. „Во податоците на НБМ за движењето на нивото на долг, не се содржани податоците за април-мај кога се трошеа парите од ММФ, што ќе го зголеми долгот. Како и да е, растот на долгот е логична последица на обидот на Владата да го масовизира растот, а го сервисира со задолжени пари. Најлесно е да се задолжуваме без акумулирање чисти пари и лошо е што задолжувањето не е од прилив на надворешни инвестиции. Овој модел, можеби, функционира на краток рок, но не може да поминува бесконечно. Кога и да е, долгот ќе треба да се сервисира“, вели професорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, Зоран Ивановски.
Според него, растот на нивото на долг е негативен од аспект на зголемување на ризичноста на земјата за нови задолжувања, а го доведува во опасност и натамошното сервисирање на долговите, со оглед на послабиот прилив на пари во државното кесе. И професорот Мирољуб Шукаров смета дека алармот е вклучен, што значи дека Владата треба да направи детаљна анализа. „Македонија е далеку од оние критични земји, како што се Шпанија, Португалија, Британија, ама со 60 проценти надворешен бруто-долг во однос на БДП, влегуваме во зоната на поголема задолженост. Не сме веќе умерено задолжени. Македонија треба сериозно да размисли и да направи анализа, бидејќи опасноста од зголемување на долгот е тука. Ѕвоната веќе ѕвонат. Треба да се види што е причината за ваквото зголемување. Јасно е дека не е проблем само јавниот долг. Тој колку толку се контролира, барем кога се гледаат официјалните податоци. Но, загрижува вкупната сума, приватниот долг заедно со јавниот “, вели Шукаров. Според него, Владата треба да изготви анализа, особено околу конкурентноста на македонската економија во насока на зголемување на извозот за да се види во кој правец се движи македонската економија. „Сега има поволни ветрови, поради цените на светските берзи, но, сепак, не може да бидеме задоволни од структурата на економијата што создава голем трговски дефицит, кој се покрива со дознаките. Треба да се смени и кредитната политика и да се поддржат извозните компании што можат да ја повлечат економијата“, вели Шукаров.
Во мај Владата го зголемила долгот за 200 млн. евра
Вкупниот долг на централната Влада во мај се искачил на 1,89 милијарди евра, во споредба со април кога тој изнесуваше околу 1,67 милијарди евра. Ова покажува дека Владата во мај го зголемила долгот за 200 милиони евра. Овие податоците вчера доцна попладне беа објавени на веб-страницата на Министерството за финансии. Во нив стои дека заклучно со првиот квартал од годинава вкупниот долг на централната Влада изнесувал 1,9 милијарди евра. (Ек.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 2868 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: srebre |
Датум: 01.07.2011 00:44:54 |
|
uste vo 2008 koga vmro pocna da diga plati naodot se cudese zosto tie losi sds ne gi digale platite neli bravo grujo...nop sds i togas kaza nema pari za zgolemuvanje na plata da imalo ce go storele toa....no grujo pocna da stampa denari i potajno pozajmuval pari da isplaca plati???saMO DA OSTANE NA VLAST a seg avelite ce sme otisla vo bankrot...parodn pa neli dobija sega na izborite...i pokraj toa sto pozajmuvat pari da isplatatplati,penziji....znaci mora da sme prost narod neli ovca narod........... |
|
|
|
|
|
|
Од: seirdzija |
Датум: 01.07.2011 07:35:42 |
|
Lesno e da se zajmis,tesko e da go vratis zajmenoto.Neznam dali samo nekoj ke odgovara za ova sto sega se slucuva,pokraj zadolzuvanjeto za beskorisni celi,parite vo golem del odat vo dzeb na poedinci.Cenata sekako na kraj ke ja plati narodot,preku enormno padjanje na standardot,taka da vo godinite sto doadjaat ke bideme uste posiromasni.... |
|
|
|
|
|
|
Од: trajče |
Датум: 01.07.2011 08:21:41 |
|
debelo zacapavme po grčkiot pat, kade ke ne dovede - videte vo vesnicite i na TV. Samo prašanjeto glasi, koj nas ke ni pomogne ... |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 01.07.2011 09:39:15 |
|
Нека муја мислат вмл-0вците,,,,,,,,,,,,.Посебно сиромашните Патриоти кои уште малце и без гаќи ќе останат. |
|
|
|
|
|
|
Од: Koj pravo kazuva? |
Датум: 01.07.2011 09:39:42 |
|
Cekajte bre! Pa Stavreski postojano preku mediumite kazuva deka sme bile najuspesna ekonomija vo Evropa i deka sme bile vo najnisko zadolzenite zemji, a ovaj Sukarov kazuva deka vece ne sme ni vo sredno zadolzenite zemji i deka ako vaka prodolzime ce pocneme da se dvizime kon Spanija i Portugal. E sega koj laze , a koj pravo kazuva? |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran Bitola |
Датум: 01.07.2011 09:54:01 |
|
Vednas treba da se pristapi kon bezmilosno brkanje na barem 50% od sosem nepotrebnata javna administracija. Ovaa omrazena kategorija nikoj nema da ja zali, a drasticno ce se namali zadolzuvanjeto. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 01.07.2011 10:05:57 |
|
A sto mislite vie zosto tolku godini nemame nikakov odgovor od vlasta za sto se trosat pozajmenite pari,pa odgovorot e porazitelen.Koga vcera kazaa za novata investicija vo Bunardzik kolku kosta pa nie so spomenicite sme potrosile pari za X + Y fabriki
ete kade ke ne odnesat na grobista pa zatoa ke si imame spomenici. |
|
|
|
|
|
|
Од: tatoo |
Датум: 01.07.2011 10:20:03 |
|
Ете на кои луѓе повторно им се даде мандатот. Долг од 4 милијарди долари!!!??? Па тоа е пропаст на ваква, и онака катастрофална економија кои тие ја режираа. Изгледа на овој народ македонски не му доаѓа паметот. Научен е на немаштија и невработеност, а од имаштија се плаши. Кој што прави, тој враќа само долгови и мисли дека со овие неранимајковци му е добро. Е од такво добро па и никогаш да не куртули. Затоа се има ама мозок нема. Му го испија овие крвопии од фамилијата. Вака веќе неможе понатаму. Гемиџиите треба да воскреснат. |
|
|
|
|
|
|
Од: Martin |
Датум: 01.07.2011 10:29:05 |
|
Ние вака ако продолжиме ќе не снајди истото што го снајде нашиот јужен сосед, па после банкротирани ќе се караме за Аце и Филип. Па не само што сме во долгови ние, туку има и навалица кај нашиот јужен сосед за да помогниме и ние колку можиме повеќе да не банкротираат, а има и други дестинации за одмор како Црно Море, Јадран, Анталија, Кушадаси на Егејско Море и други. |
|
|
|
|
|
|
Од: македонец |
Датум: 01.07.2011 10:39:15 |
|
Абе ви луѓе сте оделе во училиште!??!?!?!? Како можете да ставете во иста рамка долг на ПРИВАТЕН СЕКТОР (кој си должи меѓу себе и кон странство) и ДРЖАВЕН ДОЛГ кон странство... ако ве читаат (а не ми се верува дека ве читаат) луѓе кои ги разбираат економските работи ќе ви се смеат... поздрав... |
|
|
|
|
|
|
Од: Diletantska rabota! |
Датум: 01.07.2011 10:59:06 |
|
Samo diletanti mozat da pravat vakvi nedovetni raboti! Aktuelnata vlada vo povece navrati gi zgolemuvase platite na administracijata i penziite bez zgolemuvanje na produktivnosta i sega nekoi moroni se cudat odkade i zosto se slucuva inflacija, koja se zgolemuva po principot na spirala! Rucekot (citaj pobedite na izborite) sega mora skapo da go platat site gradjani na Makedonija! |
|
|
|
|
|
|
Од: Lile |
Датум: 01.07.2011 11:19:17 |
|
Ke go docekame denot koga dvajca ke se zatepaat koj prv da go procesla kontejnerot za da najde nekoja zalutana troska |
|
|
|
|
|
|
Од: jean luc picard |
Датум: 01.07.2011 11:30:42 |
|
не се секирајте, имаме ние многу пари. закопани се под триумфалната капија и спомениците. |
|
|
|
|
|
|
Од: mark |
Датум: 01.07.2011 12:00:57 |
|
Gi nema glasnogovornicite od DPMNE ili ova za niv e spansko selo. |
|
|
|
|
|
|
Од: ? |
Датум: 01.07.2011 13:43:42 |
|
Kade se Gimi, Mudrec, K2 i drugite da kažat nešto pametno na narodot? |
|
|
|
|
|
|
Од: prosecen makedonec |
Датум: 01.07.2011 16:08:45 |
|
navinnati sme na sol i leb,kompir i leb,piper i leb neznaeme sto e evropa,svet,5% ziveat vo izobilstvo restoto vo siromastija zatoa na grujo mu e mnogu lesno da laze i vladee. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stavre Gevgelija |
Датум: 01.07.2011 17:50:16 |
|
Neverojatno kolku ne si ja sakate drzavata. So site vasi komentari sakate da kazete deka Makedonija e zadolzena kako Grcija. No ne e taka. 400 000 000 000 evra. Nie ne sme ni priblizno slicni. I vie toa go znaete.Ama ne mozeme da vi pomogneme. Proektot svitkana kicma propaga. |
|
|
|
|
|
|
Од: vlado |
Датум: 01.07.2011 20:52:28 |
|
VO GRCIJA. TAMU KE NE ODNESE... |
|
|
|
|
|
|
Од: mik |
Датум: 01.07.2011 21:23:10 |
|
do ova dovaga poradi modelot na funkcioniranje sto go odbra ,,drzavata,,. Gi rasprodava drzavnite firmi koi mozat da go hranat narodot vraboten vo javniot sektor i da bidat ublazuvaci na eventualni spicevi-krizi. Primer: vo Francija ucestvoto na drzavata vo proizvodstvo na struja e 100 %, a nie se spremame da gi prodademe i hidrocentralite, pa potoa vodite,pa potoa vozduhot,pa potoa... |
|
|
|
|
|
|
|
|