Поради високите температури, Министерството за здравство ги потсетува болниците и клиниките дека треба да одржуваат ладна соба, која по потреба, пациентите ќе може да ја користат во најтоплиот период од денот. Температурата во ладната соба треба да биде од 24 до 25 Целзиусови степени. Воедно, болниците и клиниките треба да бидат во будна и приправна состојба, како кадровски така и просторно и со медикам��нти за прифаќање поголем број пациенти погодени од горештините.
Ова било заклучено на вчерашната седница на Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури, свикана по барање на министерот Бујар Османи. (Ј.Ј.)
А како екипите од Брза помош да одат во домашни посети кога колите не само што им немаат клима уреди туку и греат и внатре не се диши? Башка на тоа и гаснат на секоја раскрсница.
И здравите што се возат покрај болниот ќе приумрат.