Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Пророкот Мухамед нема да биде во новото „Општество“

Министерот за образование, Никола Тодоров, вчера информираше дека сликите од пророкот Мухамед што се појавија во спорниот учебник по општество биле една од посериозните причини да се донесе одлука овој учебник да биде повлечен.

„Сигурен сум дека ваквите грешки нема да се повторат затоа што имаме формиран�� сериозен рецензентски тим што е посветен целосно на оваа работа“, изјави министерот. За ваквите грешки во учебникот реагираа и припадниците на Исламската верска заедница, бидејќи во исламот не е дозволено визуелно да се прикажува пророкот Мухамед.

Министерот како сериозни ги оквалификува обвинувањата на рецензентите проф. д-р Антоанела Петковска, м-р Соња Палчевска - Ќосева и Лилјана Стојановска дека „Министерството за образование манипулира со фактите во врска со учебникот по општество и дека рецензентите не добиле ниеден отпечатен примерок пред да биде објавен учебникот“.

„Сериозни обвинувања од рецензент, професор на Универзитет кој дозволил еден учебник со ваква содржина да биде одобрен, да биде пуштен во печатење. Најдобар демант и најдобар одговор за овие ставови на рецензентот е извештајот на тимот што изврши стручна суперрецензија на целиот учебник и едногласно одлучи да биде повлечен овој учебник“, изјави Тодоров.

Учебникот по општество беше повлечен откако во јавноста изби скандалот со популарната 42. страница, каде што како значајни културни дејци од македонск��та култура се споменати Нора Шаќири, Ферус Мустафов, Тони Михајловски. Суперревизијата на спорниот учебник покажала дека грешките за значајни личности од областа на културата биле минорни.

Новите рецензенти откриле катастрофални промашувања на авторите, бидејќи имало грешки во секое поглавје. Направената штета поради препечатување на овој учебник ќе чини еден милион денари. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 5566 пати.

Испрати коментар

Од: oceski-mavrovo
Датум: 19.08.2010 00:49:31
i sto samo tolku-nov tim recenzenti i nov ucebnik. a koja ce ja plati dosegasnata steta-paricna napravena za pecatenje na knigata.koj ce gi vrati parite i od honorarite. resenie ima- ostavka na ministerot, oti ocigledno e deka e zalutan vo obrazovanieto i kutrior neznae kaj se naoga i sto treba da pravi. drzi smesni pres konferencii kako da se pretsedatel na mesna zaednica. Ostafka ako ima moral i profesionalen sens. no sto ako i toj lapnal nekoe denarce a? hehehe kako sami si ja brukame zemjava so ovie nebidnici.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 19.08.2010 07:49:21
Dali na Ovcarot mu e taktikata postavi pilistarci ili starci i vleci gi za nos??? A aferi sekoj mig i na sekoe mesto i funkcija...
Од: ...
Датум: 19.08.2010 08:40:49
Изгледа треба да си генијалец за да си речеш самиот на себе доста беше глупирање. Оти на подпросечниве не им текнува.
Од: ?!
Датум: 19.08.2010 08:59:54
Како на филм.Значајните личности од сите "народи и народности" се застапени.Е,сега едни во првата верзија,други вовтората, а ке се докомплетираат и во третата.Е сега кои се застапени во онаа што ќе ја учат децата...?!Главно се по рамковниот,и како по рамковниот.Најголемото достигнување,би било и Пророкот Мухамед нема да биде во новото „Општество“.Се заради таа пуста фотографија. Затоа,отсега па натаму рецензентите мора да бидат и добри сценаристи,а богами и режисери.Зошто ти се гломазни тимови,кога еден може се.Но како и да е,сепак,кој работи и греши,ама оваа "грешка" со фотографијава,некако,како да ми е ептен чудна грешка.Сигурно дека не сме дел од Скандинавија,ама и од Марс,не.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 19.08.2010 11:06:12
Министерот си ја заслужи фотељата агитирајќи од врата на врата за ВМРО на локалните избори. Мене ми дојде на врата во Карпош и го избркав... Што може да се очекува од личност со вакви квалитети.....

Најди! во Утрински
Политика
Министерот да ги тргне рацете од судиите и од обвинителите
Има ли филантропи во Македонија?
Државата не плаќа за повеќе од четири деца
Втор уписен рок во средните училишта
Болниците да одржуваат ладната соба
Адеми
Гинекологија „Чаир“ стана „Мајка Тереза“