Владата, на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир да го носи името „Мајка Тереза“.
Преименувањето на болницата, како што соопшти Министерството за здравство, доаѓа во време кога целосно ќе се реконструира, ќе се догради и ќе се модернизира со што ќе го зголеми капацитетот, а ќе биде зголемен и квалитет��т на здравствените услуги што им ги нуди на граѓаните.
Реконструкцијата е предвидено да трае 12 месеци и е дел од првата фаза од проектот за реконструкција, доградба и изградба со кој се опфатени 20 јавни здравствени установи во државата. (МИА)
Bravo. Ne mi e jasno kako samo gi spoivte Majka Tereza i abortusite vo ovaa klinika.Ako sakate taka da se vika taa klinika pod itno neka se zabranat abortusi vo taa klinika, ako pak ne mozete da napravite nesto dobro, barem ne go volakajte liceto na taa svetica...