Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Министерот да ги тргне рацете од судиите и од обвинителите

Гордана Дувњак

На министерот за правда не му е местото во Судскиот совет и во Советот за јавни обвинители, бидејќи тоа значи засегање во автономијата на овие две тела и директно влијание од извршната власт. Уште помалку, пак, министерот треба да учествува во процена, избор и разрешување на судии и јавни обвинители.

Ова е ставот на Експертската мисија на Европската комисија, која од 17 до 20 мај оваа година, правеше процена на состојбите на Македонија во областа на правото, безбедноста и корупцијата. Скенирани се состојбите со судовите, затворите, полициските станици, визната политика, азилот, финансирањето на политичките партии, корупцијата, дискриминацијата... На експертите не им избегале од очи ни последните случувања поврзани со „случајот Дума“ и разрешувањата судии од скопскиот Апелационен суд, кои, исто така, се нотирани во извештајот до кој дојде „Утрински весник“.

Во делот што се однесува на министерот за правда, во препораките е наведено „да се процени соодветноста на присуството на министерот за правда со автономијата на Судскиот совет од извршната власт, предвидено со Уставот и, доколку е можно, да се исклучи министерот како член ex officio (по функција)“. Во најмала рака, експертите сугерираат да се измени и дополни Законот за Судскиот совет, за да се исклучи министерот од составот на Судскиот совет кога телото извршува која било од следниве постапки: процена на судии, разрешување и дисциплински мерки за судии, како и при предлагањето до парламентот на двајца кандидати за Уставниот суд.

Речиси идентична формулација е употребена и за учеството на министерот за правда во Советот на јавниот обвинител и се бара претставникот на извршната власт да се исклучи од работата на ова тело.

Што велат, пак, експертите за појави од типот на онаа кога министерот за правда поведе постапка за разрешување судија? Кога лично министерот Михајло Маневски од лични каприци иницираше разрешување на апелационата судијка Виолета Дума поради наводно незаконско постапување со двојниот идентитет на турски државјанин.

„Практиката за започнување дисциплинска постапка против судии на иницијатива на Министерството за правда е многу штетна за довербата во судската независност и укажува на силната улога на министерот за правда. Тоа ја поттикнува перцепцијата дека судиите се под политичка контрола, а тоа е многу опасно само по себе за довербата на јавноста во судството“, потенцираат експертите. Тие сметаат дека од суштинско значење е таквата практика да престане и судиите да се сметаат слободни од какви било политички влијанија.

Секако, експертите се свесни дека тоа не треба да значи судиите да не се казнуваат или повикуваат на одговорност. Судскиот совет треба и натаму да се ангажира на казнување на судии кога се изнесени кривични обвиненија, но дисциплинските случаи не треба да се однесуваат на причините на случајот за кој решава судијата за кого се води истрага. Тоа индиректно значи дека судијата не може да одговара за слободно судско мислење, ту��у за посериозна дисциплинска повреда.

За конкретниот случај со Дума, иако не се спомнуваат имиња, точно се знае на што се мисли.

„Во овој случај, преклопувањето на неговите функции е евидентно и наметнува сомневања за вистинската непристрасна улога на Судскиот совет, што треба да одлучи за разрешувањето на судијата. Министерот, покрај овластувањето за поднесување иницијатива, ќе дејствува како член на Судскиот совет што ја извршува финалната одлука за разрешувањето, по предлогот од надлежна комисија“, се истакнува во извештајот.

Експертите нотирале и дека системот наметнува сериозна загриженост во врска со наведените прашања и од гледна точка на согласноста со меѓународните стандарди и со уставните одредби за независност на судиите и судскиот систем за судско гонење. Тие сметаат дека тоа би можело да остави простор за политички притисок во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители, особено во оние ситуации во кои парламентарното мнозинство и извршната власт припаѓаат на истата партија.


#
Статијата е прочитана 848 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 19.08.2010 06:00:15
Овој ко да е роден во секоја Манџа да биде мирудија.Таков изгледа муе генот?.
Од: Трпе
Датум: 19.08.2010 07:55:28
Кога нешто ке се окупира,на мирен начин не се ослободува.Со сечење на крилјата,најлесно се владее.
Од: trajce
Датум: 19.08.2010 08:08:30
A na vasiot minister za pravda, odnosno ministerka i bese! Mislevte deka vecno ke bidete na vlast.
Од: robi
Датум: 19.08.2010 11:26:55
ministerot za nepravda da se trgne od R.MAKEDONIJA
Од: redovna citatelka
Датум: 19.08.2010 13:27:56
Nevozmozno e da se sporeduva so nikogo, nitu so poranesen minister! Toj e unikaten!
Од: Goce USA
Датум: 19.08.2010 13:41:33
Toj e onoj od kogo ovie od vlasta se grozat - proveren KOMUNIST so iskustvo vo takvi raboti niz site sistemi a posebno za vreme na socijalizmot. Samo procitajte ja negovata biografije.
Од: sudstvo 2010
Датум: 19.08.2010 14:26:00
Iako sudstvoto spored Ustavot od 1991 godina e treta vlast vo drzavava, seuste ne e vistinski nezavisno, a sega sme 2010 godina. Pa neli e vece dosta? Mislam deka e redno i na sudovite da im se dade sansa da si ja vrsat rabotata kako sto treba. Postojano se slusa za razno razni pritisoci, kritiki, korumpiranost i neznam uste sto ne za sudiite. Koga bi bile sudovite i navistina nezavisni, poinakvi bi bile sostojbite vo ovaa oblast. Vaka, bilo kakvi reformi ne bi bile vistinski dobri, bidejci kolku i da se ,,dobri,, ce si ostanat na hartija

Најди! во Утрински
Политика
Има ли филантропи во Македонија?
Пророкот Мухамед нема да биде во новото „Општество“
Државата не плаќа за повеќе од четири деца
Втор уписен рок во средните училишта
Болниците да одржуваат ладната соба
Адеми
Гинекологија „Чаир“ стана „Мајка Тереза“