Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Спорт

Црна Гора на пат кон полуфиналето на ЕП

Се' уште под импресии од поразот од Хрватска во последното коло од прелиминарната фаза, ракометарките на Црна Гора ја имаа само победата пред очи во дуелот со Шпанија во Хернинг на стартот од вториот круг на 9. Европско првенство во Данска и во Норвешка. Со таков пристап дебитантот славеше со 22:20 над вицешампионот од ЕП 2008 во Македонија и си ги направи реални шансите за пласман во полуфиналето.

Но, работите не се одвиваа во посакуваниот правец за Црногорките, бидејќи Шпанките подобро го отворија натпреварот, предводени од својот најдобар играч Марта Манге. Тоа го принуди црногорскиот селектор Драган Аџиќ да направи неколку измени и да инсистира на своето докажано најубиствено оружје Бојана Поповиќ во нападот и тоа брзо даде резултат. Левиот бек му даде сигурност на својот тим, кој почна полесно да го наоѓа патот до шпанскиот гол и со серијата од три гола што ја почна Марија Јовановиќ во 26 минута се одлепија на 12:9. Хорхе Дуењас побара тајм-аут, ја смени одбранбената тактика и на одморот неговите избранички заминаа со егал 12:12.

Во второто полувреме Црна Гора изгледаше решена да ги надмине проблемите со кои се соочуваше во првиот дел, а самодовербата ја крена и голманката Соња Барјактаревиќ со неколку спектакуларни одбрани. И покрај напорите на Шпанија да игра преку пикер, црногорската одбрана уште повеќе се зацврсти и му овозможи на нападот да ја зголеми предноста, која во 37 мин. беше 16:14. Арно ама, серијата грешки и нереализирани напади на обете страни го држеа резултатот неизменет осум минути, пред Јовановиќ да погоди за 17:14. Шпанија успеа да се доближи до 16:17 преку Андреа Барно во 50 мин., но следуваа пет гола на противникот без одговор и победникот беше решен.

Соорганизаторот Данска го продолжи победничкиот поход, забележувајќи ја четвртата победа на првенството, и тоа против светскиот шампион Русија со уверливи 26:20. Убедливи беа и Романките, кои ја декласираа Хрватска со 31:22.

ДАНКИТЕ УБЕДЛИВИ СО РУСИЈА



Група 1, прво коло: Шпанија - Црна Гора 20:22, Романија - Хрватска 31:22, Данска - Русија 26:20. Табела: Данска 6, Романија 4, Црна Гора 4, Русија 2, Хрватска 2, Шпанија 0.


#
Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонски дуел во Абу Даби
ФИА ја зголеми моќта на стјуардите
Успешен старт на Георгиев во Банско
Во 2011 година без Светски куп во Дизелдорф
Јунајтед преку Арсенал до првото место
Принцот Алберт подмитен пред гласањето за ЗОИ 2014?
Сити ќе го тужи Тевез за 50 млн. фунти ако го раскине договорот
Прекината серијата на Далас
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census