Сити ќе го тужи Тевез за 50 млн. фунти ако го раскине договорот
Доколку се повлече, односно ако го раскине договорот со Манчестер сити, Аргентинецот Карлос Тевез би можел да загуби дури 50 милиони фунти на суд. Според тврдењето на британските медиуми, во Сити се решија да му возвратат на Аргентинецот по бројните закани дека ќе го напушти клубот.
Карлос Тевез во повеќе наврати нагласи дека нема проблеми со менаџерот на клубот Роберто Манчини, туку со управата, и од тие причини ќе му биде соопштено дека ќе биде тужен во случај пред истекот на договорот да одлучи да си замине, пишува „Мирор“.
Сепак, во Сити и натаму се надеваат дека Тевез ќе остане макар и до крајот на сезоната, и дека тогаш во мирна атмосфера ќе може да се разговара со него.
Осасуна ја шокира Валенсија: Од два гола минус до реми
Во последниот натпревар од 15. коло на шпанското фудбалско првенство Осасуна успеа да извлече неочекувано реми со Валенсија - 3:3.
На почетокот делуваше сјајно за домаќинот на овој меч, затоа што головите на Солдадо, Станкичевичијус и Адруиз во воведните 40. минути беа доволни за водство од 3:1. Се чинеше дека петопласираниот тим во примера е на добар пат да оствари нова победа, но во второто полувреме следеше голем пад во играта. Откако Флано во 60. минута намали на 3:2, во игра влезе и Дејан Лекиќ и Осасуна тргна на се' или ништо. Тој пристап се исплати на три минути пред крајот на мечот, кога Аранда, како еден од 15 играчи во казнетиот простор на домашните, успеа да пронајде пат на топката до мрежата и да го постави конечниот резултат.
Се' е подготвено за доаѓањето на Анчелоти во Рома на крајот од сезоната
Римските медиуми на почетокот на оваа недела пишуваат текстови во кои читателите се убедуваат дека веќе сега е подготвен трансферот кој ќе се случи на крајот на актуелната сезона. Имено, договорот со сегашниот тренер Клаудио Раниери не е продолжен, а клубот е подготвен на лето да донесе нов тренер.
Во прашање е 51-годишниот Карло Анчелоти, кој минатата година на Островот ја освои двојната круна со Челзи, но оваа не стои многу добро во рамките на Премиер.
Адријано трет пат добитник на „Златна канта“
Бразилскиот напаѓач на Рома Адријано Леито Рибеиро (28) е добитник на не многу ласкавата награда кој носи име „Златна канта“, а која му се доделува на најлошиот фудбалер во Серија А.
Од десет кандидати што ги номинираше радио станицата РАИ-2 Адријано доби 4.064 гласа од слушателите на програмата, што е 22.42 отсто од вкупниот број гласови. Адријано наградата ја заслужи со само 142 минути минати во игра во кои не се запиша во листата на стрелците. Интересно, првите три места на оваа листа ги заземаа Бразилци. На второ место се најде Амаури, а како трет заврши Роналдињо.
|