Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Спорт

Јунајтед преку Арсенал до првото место

Натпреварот на „Олд трафорд“ донесе неколку изненадувања и пред да почне, затоа што недоволно заздравените лидери на средните редови, Пол Сколс и Сеск Фабрегас, останаа меѓу резервите, токму како и Димитар Бербатов, затоа што домаќинот се одлучи за формација 4-5-1 со Вејн Руни како единствен напаѓач. Од другата страна, Арсенал не можеше да смета на голманот Фабијански, па меѓу стативите застана Полјакот Војчех Шчешни, кој на возраст од 20 години и 239 дена стана најмлад голман во историјата на „точиите“, надминувајќи го рекордот на Алекс Манингер за два дена.

Сепак, иако делуваше сигурно во поголемиот дел од средбата, младиот голман не можеше ништо да направи во 41. минута, кога Манчестер ја искористи втората шанса во мечот. По добриот, но за малку непрецизен шут на Нани, домаќинот поведе прилично среќно. Центаршутот на Нани го погоди в нога Клиши, а топката се одби до Парк кој во паѓање ја зафати топката со глава за 1:0. Ниту избраниците на Венгер не беа незабележителни во првото полувреме, пред се' Шамак кој за само две минути беше во ситуации поради кои тимовите бараат најстрога казна.

Сепак, во второто полувреме се влезе со резултат 1:0, а таа предност лесно можеше да биде зголемена преку најрасположениот играч на теренот, Нани. Арсен Венегер со уфрлањата на Фабрегас и на Ван Перси на местото на индиспонираните Росицки и Вилшер се обиде да ја промени ситуацијата на теренот, но Манчестер беше тој кој стигна до колосална шанса кога во 73. минута беше досуден пенал во негова корист.

Клиши играше со рака по дриблингот на Нани, но најстрогата казна Руни не ја искористи, шутирајќи високо над голот.

„Моравме да играме добро во овој меч и тоа го направивме, особено во првото полувреме. Арсенал се закани во второто, но ние маестрално одигравме во одбраната“, изјави Фергусон, и додаде дека не очекувал Руни да го промаши пеналот.

Неговиот колега од клупата на Арсенал, Арсен Венгер, се согласи со главниот „виновник“ за овој исход, одличната игра на одбрамбените фудбалери на тимот од „Олд трафорд“.

„Техничкиот квалитет на овој меч е последица на многу лошиот терен, поради што и двете екипи грешеа. Не мислам дека ги оправдавме очекувањата, единствено треба да се признае квалитетот кој го поседува одбраната на Јунајтед. Имавме неколку шанси и непосредно по завршувањето на натпреварот имав впечаток дека несреќно го загубивме“, рече Венгер.

Табела: Манчестер Ј. 34, Манчестер С. 32, Арсенал 32, Челзи 31, Тотенхем 27, Болтон 26...


#
Статијата е прочитана 422 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонски дуел во Абу Даби
Црна Гора на пат кон полуфиналето на ЕП
ФИА ја зголеми моќта на стјуардите
Успешен старт на Георгиев во Банско
Во 2011 година без Светски куп во Дизелдорф
Принцот Алберт подмитен пред гласањето за ЗОИ 2014?
Сити ќе го тужи Тевез за 50 млн. фунти ако го раскине договорот
Прекината серијата на Далас
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census