Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Спорт

Прекината серијата на Далас

По низата од 12 победи кошаркарите на Далас конечно се запрени во нивниот поход во НБА лигата, но малку кој очекуваше дека тоа ќе го стори составот на Милвоки и тоа во меч во кој маверикси во еден момент имаа и 20 поени предност. Бакси славеа со 103:99 што е нивна 10 победа сезонава. Најголема заслуга за неа имаа Брендон Џенингс и Андреа Богут.

„Да се дојде тука и да се прекине серија од 12 победи на Далас е голема работа“, рече по мечот Џенингс кој во триумфот на неговиот тим вгради 23 поени и 10 скока.

Дабл-дабл ефект (21 кош и 14 скока) оствари и Богут во четвртата победа во последните пет натпревари на Милвоки. Централна фигура на спротивната страна беше Дирк Новицки. Германскиот интернационалец уфрли 30 поени за маверикси кои последниот пораз го доживеаја на 19 ноември од тимот на Чикаго.

„Ова беше меч што моравме да го добиеме, меч кој дефинитивно го имавме под контрола. Сами сме виновни што на крајот на успеавме да прославиме нова победа. Им дозволивме да се вратат во игра и да направат пресврт“, констатира Тајсон Чендлер.

Затоа, пак, својата серија успешно ја продолжија играчите на Мајами. По триумфот над Њу Орлеанс со 96:84 „жешките“ ја прославија деветтата победа во низа. Гостите водеа три четвртини за во последната Вејд, Блејк и Бош да притиснат на „педалата за гас“ и да ја преземат контролата врз ситуацијата на паркетот. Вејд повторно беше најразигран во својата екипа со 32 коша, Бош впиша 23 и додаде 11 скока, Џејмс ја заврши средбата со 20 поени и седум асистенции. Дејвид Вест го предводеше тимот од Њу Орлеанс кој минува низ тежок период. По одличниот скор од 11 победи и 1 пораз на почетокот на сезоната, во последните 12 меча хорнетси само 3 пати се радуваа, а 9 пати мораа да подадат рака на подобрите од нив.

„Ни треба по некоја победа, чисто да се потсетиме како тоа изгледа“, саркастичен е Крис Пол кој во дуелот со Мајами постигна само 11 коша.

Резултати: Мајами - Њу Орлеанс 96:84, Чикаго - Индијана 92:73, Мемфис - Портланд 86:73, Далас - Милвоки 99:103, Јута - Голден Стејт 108:95.


#
Статијата е прочитана 256 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонски дуел во Абу Даби
Црна Гора на пат кон полуфиналето на ЕП
ФИА ја зголеми моќта на стјуардите
Успешен старт на Георгиев во Банско
Во 2011 година без Светски куп во Дизелдорф
Јунајтед преку Арсенал до првото место
Принцот Алберт подмитен пред гласањето за ЗОИ 2014?
Сити ќе го тужи Тевез за 50 млн. фунти ако го раскине договорот
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census