Успешен старт на Георгиев во Банско
Македонскиот велемајстор Владимир Георгиев (рејтинг 2582) победи во првите две кола на силниот шаховски турнир во бугарскиот зимски центар Ба��ско, кој се игра од 13 до 19 декември за награден фонд од 9.000 евра, од кои 2.000 за победникот. Георгиев, кој е четврти носител меѓу 114 учесници, на стартот беше подобар со бели фигури од Драган Божилов (1915) од Србија, а во второто со црни го совлада женскиот интермајстор Адријана Николова (2328) од Бугарија. Синоќа требаше да се одигра уште едно коло, во кое единствениот претставник од Македонија за противник го имаше бугарскиот велемајстор Крум Георгиев (2422).
Покрај Георгиев, уште 24 шахисти имаат максимални два поена по првите два круга. Прв фаворит меѓу десеттемина велемајстори, 17 интермајстори и петмина ФИДЕ-мајстори е ВМ Иван Чепаринов (2668) од Бугарија. (Р.Д.) |