Во 2011 година без Светски куп во Дизелдорф
Тенисерите ќе останат покуси за мечевите во Светскиот куп догодина што традиционално се одржува во средината на мај во Дизелдорф. Причина за откажување на турнирот е недостатокот на спонзори.
„Не можевме да најдеме главен спонзор, затоа со тешко срце одлучивме да не го откажеме турнирот. Ризикот од финансиска загуба беше преголем“, рече директорот на турнирот, Дитлоф фон Арним.
Турнирот во Дизелдорф, што за првпат се одржа во 1978 година, служеше како подготовка на тенисерите за настап на вториот сезонски Гренд-слем, Ролан Гарос. Во 2010 година титулата ја понесе Аргентина чии тенисери во финалето беа подобри од нивните американски колеги. |