Принцот Алберт подмитен пред гласањето за ЗОИ 2014?
Некогашниот правен советник на принцот Алберт од Монако го обвини дека учествувал во корупцијата во Меѓународниот олимписки комитет својот глас да го даде за Русија во процесот на избор за домаќин на Зимските олимписки игри кои на програмата се во 2014 година.
Советникот, Роберт Ерингер, тврди дека поради гласот за рускиот град Сочи принцот Алберт примал подароци и одел на ексклузивни патувања. Наводно, тоа му го овозможиле претседателот на руската влада Владимир Путин и московскиот банкар Сергеј Пугачев кој во 2008 година беше на 605. место на листата на најбогатите на „Форбс“.
Роберт Ерингер, кој како советник работел од 2002 до 2008 година, во писмото до претседателот на МОК, Жак Рог го обвинил принцот Алберт за кршење на правилата пред гласањето затоа што прифатил поларна експедиција, одмор за риболов, државнички вечери во трисобната „дача“, традиционална руска викендичка чија изградба на неговиот имот ја финансирале руските власти.
Како ја доби Сочи организацијата на ЗОИ 2014
Прв круг на гласање, 4 јули 2007:
1. Пјеонгчанг (Јужна Кореја) 36 гласови
2. Сочи (Русија) 34
3. Салцбург (Австрија) 25
Втор круг на гласање:
1. Сочи 51 глас
2. Пјеонгчанг 45 |