Деветгодишното девојче било продавано во неколку ноќни клубови
Скопјанката Андријана Ѓ. е четвртата притворена поради минатонеделниот случај во кој деветгодишно девојче било принудено да работи како келнерка во ноќен клуб во селото Палатица. Според МВР, таткото на девојчето, Шефкет Н., пред да ја продаде за 7.000 денари во Палатица, својата ќерка и' ја понудил на Андријана Ѓ. За да ја вработи во своето кафуле во Гостивар. Според договорот, девојчето требало да добива дневница од 500 денари, како и по 50 денари за секој испиен коктел на гостите на кои им била придружба. По два дена минати таму, девојчето било купено од Зуриет Л., сопственик на кафе-бар во тетовска Палатица. Во едномесечен притвор, покрај таткото и двајцата сопственици на баровите, е и посредникот во продавањето на девојчето, кондовецот Џевад Ф. Според досегашниот тек на истрагата, девојчето не било сексуално искористувано. (Г.А.)
Strasno!
Ama taka e toa koga MK nema soodvetni tela, zakonodavstvo i ustanovi za zastita na decata, osven dvajca trojca rabotnici vo Socijalno koi se momci/devojki za se'. I kade sega so devojceto sto bilo prodavano kako partal? Nazad kaj roditelite koi veke ja prodale, kaj majkata koja ne mozela da ja zastiti sekako? Ili vo dom za nezgrizeni deca kade sto samo ke prodolzi so vakov nacin na zivot?Nisto ne praime ako ne mu zastaneme na kraj na prosenjeto po ulicite na mali deca, trgovijata so deca, maloletnata prostitucija itn. Drzavata da pocne da razmilsuva za ovaa problematika i da oformi soodvetni tela koi so toa ke se zanimavaat, a ne nekoi si tamu sos telefoni itn.,
Од: Дордо
Датум: 07.04.2008 02:26:39
Грозно! Грозно! Грозно! Ама што да се прави? Капитализмот, особено овој нашиот, е таков.ПРОДАВАШ ШТО ИМАШ КУПУВАШ ШТО НЕМАШ! И да не се изненадуваме, чудиме, згрозуваме иако актот е за секоја осуда и гроза. Од толку слобода,плурализам, демократија, човечки права и права на децата, посебно, не се живее! Без работа од канти за отпадоци moze samo da se umre. I kantite se veke prazni...