Од златарница украдени 220.000 евра
Околу 220.000 евра изнесува вкупниот плен што крадци го однеле од златарницата „Украс“ на улицата „Борче Јовановски“ во Гостивар. Кражбата се случила ноќта спроти саботата кога арамиите ја провалиле влезната врата, а потоа ја скршиле металната каса и оттаму одзеле 15 килограми златен накит и монети, како и 2.000 евра. Сопственикот на дуќанот Е.Б. (45) ја проценил штетата на 220.000 евра. Полицијата трага по сторителите. (Г.А.) |