Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Ја запалил куќата за да и' се одмазди на сопругата

ШТИП - Мустафа Кадриов (56) од Штип во саботата по полноќ си ја запалил куќата за да и' се одмазди на поранешната сопруга, бидејќи го напуштила. Кадриов се качил на таванот од куќата на улица „Косовска“, го полил со бензин и го запалил. Пламените јазици ја зафатиле целата куќа, при што за кратко време изгорела и покуќнината.

Во својата првична изјава пред истражните органи, Кадриов рекол дека куќата ја запалил за да и' се одмазди на сопругата оти го напуштила, како и поради нејзиното инсистирање таа да добие поголем дел од имотот стекнат во бракот. Тој признал дека пред да ја запали куќата, дел од покуќнината за која тврдел дека сам ја купил ја префрлил на сигурно место. Кадриов и самиот настрадал, зашто при обидот да побегне од пламенот се спрепнал и паднал на бетонските скали и се здобил со тешки телесни повреди, поради што бил пренесен во штипската болница.

Против него е поднесена кривична пријава. (И.Б.)


Статијата е прочитана 927 пати.

Испрати коментар

Од: Ивец
Датум: 07.04.2008 11:48:52
Наполно го разбирам, по ново, господинот. Што да прави кога веќе помина времето кога можеше на сопругата да заврти шамар - два -три. И готова работа. Сега, Бог да чува и ако жена си ја погледаш пострана еве ти ги на врат оние владини, невладини, сталешки и кој знае се не какви здруженија на пластични демократи и хуманисти, кои накитени како новгодишни елки ке се истопорат на телевизија и ке ти солат памет за права, за демократија, еднаквост, хуманост, солидарност... А никој од нив не нуди работа, ниту дава леб... Арно ама и господинот не е за фрлање... Името не го даваме!

Најди! во Утрински
Хроника
Деветгодишното девојче било продавано во неколку ноќни клубови
Украдени два милиона денари од обложувалницата „Вил-Хил“
Полицијата демантира дека уапсила четирикратен убиец од Врање
На Пчиња фатени рибокрадци со 15 мрежи
Камион удри во автомобил, еден загинат и двајца повредени
Од златарница украдени 220.000 евра
Двајца прободени во крвава тепачка