Двајца прободени во крвава тепачка
Четворица прилепчани, кои полицијата ги знае како трговци со дрога, учествувале во крвава тепачка, при што двајца од нив со сериозни повреди се пренесени во болница. Инцидентот се случил во саботата околу 5,40 часот кога Филип И. (23) со Д.К. (23) и В.С. (22) отишле дома кај Диме М. (33) на улицата „Борко Лопач“ во Прилеп. Го повикале да излезе, по што почнале да го тепаат. Диме успеал да се оттргне и да земе нож, со кој го пробол Филип во градите кој, иако повреден, успеал да го одземе ножот и да го рани Диме во грбот. (Г.А.) |