Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

На Пчиња фатени рибокрадци со 15 мрежи

КУМАНОВО - При контрола на риболовниот ревир на реката Пчиња кај селото Студена Бара, рибочуварската служба на СРД „Пчиња“ од двајца рибокрадци од Скопје заплени 15 мрежи-самици и други недозволени средства за риболов, кои како доказен материјал ќе бидат приложени заедно со прекршочната пријава во Судот за прекршоци во Куманово.

„Сезоната на спортски риболов штотуку започнува, а нашата рибочуварска служба веќе има полни раце работа. Рибокрадците не спијат, меѓутоа и нашите тројца чувари речиси деноноќно се во акција. Поради немоќта на надлежните во државава да се справат со криволовците на нашите реки, цехот го плаќаат чесните спортски риболовци. За оваа година членарината и дозволата за риболов од ланските 800 денари е зголемена на 1.500. Од нив, 80 проценти ќе бидат наменети за заштита на рибниот фонд. Од оваа година одиме со двајца постојано вработени професионални рибочувари и повеќемина волонтери. Оваа година борбата со рибокрадците ќе биде немилосрдна, се разбира, под услов и судовите да се однесуваат според законот со посериозен приод кон пријавите што ги поднесуваме“, вели Драган Младеновски, шеф на Комисијата за заштита на рибниот фонд на СРД „Пчиња“. (Ст.Б.) 


Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Деветгодишното девојче било продавано во неколку ноќни клубови
Украдени два милиона денари од обложувалницата „Вил-Хил“
Полицијата демантира дека уапсила четирикратен убиец од Врање
Камион удри во автомобил, еден загинат и двајца повредени
Од златарница украдени 220.000 евра
Ја запалил куќата за да и' се одмазди на сопругата
Двајца прободени во крвава тепачка