Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Украдени два милиона денари од обложувалницата „Вил-Хил“

Два милиона денари се украдени во вчерашното разбојништво врз двајца вработени во спортската обложувалница „Вил-Хил“ во Скопје. Разбојништвото се случило околу 10,30 часот на раскрсницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Бледски договор“ кога двајцата обезбедувачи М.С. и Б.Б. вршеле дотур на пари и билтени. Тие ги подигнале парите од саботниот промет и тргнале кон своето „тико“, паркирано на пешачкиот остров на улицата. Тогаш биле нападнати од двајца насилници, кои со маски на главите и безбол-палки ги претепале вработените. Им ги зеле вреќите со пари и побегнале со „тикото“, со кое требало да заминат вработените во обложувалницата. Претепаните се однесени во Ургентниот центар, а полицијата почна со потрага по сторителите.

Очевидци велат дека едниот од напаѓачите, незаинтересирано ги гледал обезбедувачите, за во еден миг да ги нападне, во што му помогнал другиот партнер.

Дознаваме дека автомобилот „тико“ набргу бил пронајден во близина на ресторанот „Балканика“. Истрагата е во тек. (Г.А.)


Статијата е прочитана 286 пати.

Испрати коментар

Од: risto
Датум: 07.04.2008 17:53:36
Голема веројатност е дека самите обезбедувапжчи ги украле парите,или нивни соработник.Се додека вработуваат обезбедувачи со партиски предиспозиции ке се случува така.

Најди! во Утрински
Хроника
Деветгодишното девојче било продавано во неколку ноќни клубови
Полицијата демантира дека уапсила четирикратен убиец од Врање
На Пчиња фатени рибокрадци со 15 мрежи
Камион удри во автомобил, еден загинат и двајца повредени
Од златарница украдени 220.000 евра
Ја запалил куќата за да и' се одмазди на сопругата
Двајца прободени во крвава тепачка