Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Со лиценци ќе се дисциплинираат урбанистите

Деспина Трајковска

Елиминирање на нелојалната конкуренција и максимално почитување на законите при урбанистичкото планирање на просторот се само дел од ефектите што ќе се почувствуваат во иднина како резултат на лиценците за изработка на урбанистички планови кои на 15 овластени правни лица вчера им ги врачи министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Лиценци добија Архитектонскиот факултет при Скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, Агенцијата за просторно планирање, „Зуас“, „Инпума“, „Зум“ и „Билд“ од Скопје, како и урбанистички планери од Куманово, Штип, Гостивар, Тетово, Штип, Прилеп, Гостивар и од Кавадарци. Иако планерите и досега работеа со лиценци, сепак, како што истакна министерот Јанакиески, тие не ги задоволуваа потребните критериуми согласно со новите и изменетите закони што се однесуваат на планирањето на просторот и градењето воопшто. Новите лиценци се со ограничена важност од пет години со можност за нивно одземање доколку субјектите при извршувањето на своите обврски доследно не ги почитуваат законските прописи и правилници.

„Лиценците ќе придонесат за уредување на пазарот за проектирање. Досега проектантските фирми работеа со лиценци издадени пред повеќе од десет години. Лиценците значат одделување на квалитетните од неквалитетните компании, бидејќи во минатото често имавме случаи кога изготвените планови не беа во согласност со законите“, истакна министерот.

Од новите лиценци за урбанистичко планирање на просторот задоволни се и директно засегнатите планери. Сметаат дека со лиценците ќе се стави крај на аматеризмот на одредени субјекти.

„Лиценцата овозможува да учествуваме на тендери за изработка на урбанистичка документација, на кои нема да може да учествува фирма што не поседува лиценца“, изјави Јанко Јовановски, претседател на УО на АД „Зуас“ од Скопје.


Статијата е прочитана 185 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Зголемено нивото на Мавровско Езеро
Денес пролет, а од утре повторно зима
Матичните гинеколози незаконски наплаќаат за првиот ПАП-тест
Најголемиот фармер во Штипско соочен со казна од 30.000 евра
Ќе се развива екотуризмот во Националниот парк „Маврово“
Бистата на Груев не се вклопува во битолскиот музеј
Протестираат кожарците од Делчево