Ќе се развива екотуризмот во Националниот парк „Маврово“
Да се подобрат условите за живеење на населението што живее во околината преку развој на екотуризмот, е целта на проектот „Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив економски туризам во Националниот парк ’Маврово‘“, што го започнаа македонското Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерството за надворешни работи на Италија во соработка со уште неколку партнери.
Вкупната вредност на проектот, кој се предвидува да трае три години, изнесува 2,9 милиони евра. Целта на проектот е да се подобрат животните услови на жителите во овој регион, да се запре емиграцијата, како и развој на екотуризмот, а во неговото спроведување е предвидено да биде вклучено локалното население. (Д.Р.)
|