Протестираат кожарците од Делчево
ДЕЛЧЕВО - Дел од работниците во Фабриката за кожи во Делчево вчера протестираа и со барикади ги попречија натоварените шлепери со суровини да излезат од фабричкиот двор.
„Работниците протестираат поради страв дека сопственикот на фабриката, австралиски бизнисмен од македонско потекло, сака да избега без да им ги плати заостанатите шест плати и придонеси“, објасни претставникот на Синдикатот на фабриката за кожи, Стоил Атанасовски.
Бранко Петковски е трет по ред сопственик на делчевската Фабрика за кожи, која беше дел од поранешниот кожарски гигант „Годел“ од Скопје. (Д.Р.) |