Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Денес пролет, а од утре повторно зима

Повторно пролетни температури во декември, денеска до 16 Целзиусови степени, а утре кон крајот на денот под влијание на постудена воздушна маса на некои места ќе провејува снег и температурите ќе опаднат за 2-3 степени.

Денеска ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец и повремено ќе достигнува брзина од 80 километри на час. Ќе има и локални врнежи од дожд, а утринските температури ќе бидат во интервалот помеѓу 1 и 7 Целзиусови степени. Дневните ќе бидат повторно високи од 10 до 16 степени. Температурите позначително ќе опаднат од понеделник и вторник кога се очекува утринската на одделни места да се спушти и до 8 степени под нулата., а максималната дневна нема да се искачи повисоко од 9. степен.

Метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи и за наредниве десетина дена најавуваат доста променливо време. Пораст на температурите се очекува в среда, а од сабота повторно пробив на студен воздух ќе донесе нивно значително опаѓање и врнежи од снег на повисоките места.

„В понеделник ќе има услови да дува умерен, а наместа и засилен северозападен ветер. В среда попладне под влијание на влажен бран од Медитеранот и низок атмосферски притисок ќе има зголемување на облачноста со врнежи од дожд и пораст особено на утринските температури. Ново заладување ќе следува в сабота кога, покрај врнежи од снег на повисоките места, ќе дува и засилен северен ветер што ќе придонесе и за значителен пад на температурите“, вели Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 767 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Зголемено нивото на Мавровско Езеро
Матичните гинеколози незаконски наплаќаат за првиот ПАП-тест
Најголемиот фармер во Штипско соочен со казна од 30.000 евра
Ќе се развива екотуризмот во Националниот парк „Маврово“
Бистата на Груев не се вклопува во битолскиот музеј
Со лиценци ќе се дисциплинираат урбанистите
Протестираат кожарците од Делчево