Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Бистата на Груев не се вклопува во битолскиот музеј

БИТОЛА - Бистата на илинденецот Даме Груев да се отстрани од дворот на битолскиот музеј за да се уреди просторот. Дислокацијата да не биде на некое друго место во Битола, туку во Демир Хисар! Ваквото барање на Заводот и музеј Битола до Општината ги скара власта и опозицијата.

„Директор од ВМРО-ДПМНЕ бара преместување на спомен-бистата на Даме Груев од дворот на музејот. И тоа не во Битола, туку во Демир Хисар. Образложението е со два збора, уредување на дворното место. Значи, основачот на историското ВМРО, Даме Груев, на директорот му пречи во екстерното уредување и му го нагрдува дворот“, заклучува Горан Милевски, советник на ЛДП во Битола.

Раководството на битолскиот Завод и музеј не одрекува дека поднело барање до општинската Комисија за спомен-обележја да се отстрани бистата на Даме Груев од дворот на музејот. Но, демантира дека побарале бистата да „замине“ за Демир Хисар.

„За бистата ќе има место во дворот на Основното училиште ’Даме Груев‘ во Битола“, изјави Зоран Николовски, директор на битолскиот музеј. Според него, годинава бил изработен нов проект, дворот на музејот кој неодамна беше ограден да биде наменет исклучиво за артефакти. Николовски вели дека тоа ќе биде импресивен лапидариум како увертира за посетителите и туристите на она што како богатство го поседува оваа институција. (А.Б.)


Статијата е прочитана 369 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 06.12.2008 01:19:10
grujo,smeni go pod itno ovoj kreten,i vednas iskluci go od partijata.
Од: krste
Датум: 06.12.2008 08:40:20
-Predavnici si se predavnici
Од: Bitola
Датум: 06.12.2008 09:36:35
Pa normalno mozebi treba da se namesti bista na Skenderbeg.
Од: восок
Датум: 06.12.2008 11:35:09
Нормално ,таму треба да се постави некоја фигура од Грујо можеби од оние восочните
Од: Алекс
Датум: 07.12.2008 16:51:16
И после некој нека каже дека сегашниве ДПМНЕ-овци биле некакви си „вмровци“. Дури и СДСМ-овците беа и се поголеми Вмровци од некои сегашни ДраПаМе-овци. ДПМНЕ само го гнаси историското ВМРО со своето постоење.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Зголемено нивото на Мавровско Езеро
Денес пролет, а од утре повторно зима
Матичните гинеколози незаконски наплаќаат за првиот ПАП-тест
Најголемиот фармер во Штипско соочен со казна од 30.000 евра
Ќе се развива екотуризмот во Националниот парк „Маврово“
Со лиценци ќе се дисциплинираат урбанистите
Протестираат кожарците од Делчево