Најголемиот фармер во Штипско соочен со казна од 30.000 евра
Поднесените кривични пријави поради узурпација на државно земјиште
Иван Бојаџиски
ШТИП - Казна од најмалку 30.000 евра му се заканува на Стојанче Миланов, најголемиот и најпознат фармер во Штипско, во јавноста попознат под прекарот Столе Сиромао. Од Подрачната единица при Министерството за земјоделство информираат дека поднеле кривични пријави против три правни лица за узурпација на државно обработливо земјиште. Иако во оваа институција не откриваат имиња, се знае дека највисоката казна му се заканува на најголемиот фармер.
Во Подрачната единица велат дека правните субјекти добиле кривична пријава затоа што наспроти предупредувањата, продолжиле да обработуваат државно земјиште. Имено, пред десетина години земјиштето го добиле под концесија, но договорот по оваа основа им истекол уште пред три години.
„Концесиските договори се изминати, а тие продолжија да ја обработуваат земјата во државна сопственост која ја добиле или треба да ја добијат нови концесионери. Едно од правните лица незаконски обработува 540 хектари, второто - 300, а третото - 180 хектари плодно земјиште. Навреме ги предупредивме и побаравме веднаш да ги ослободат нивите. Но, тие се оглушија и продолжија со узурпација поради што заработија кривични пријави“, вели Ацо Рамбабов, началник на оваа подрачна единица во Штип.
Рамбабов укажува дека енормно високите казни произлегуваат од висината на штетата која била направена низ годините на нелегалното користење на земјиштето од страна на правните субјекти. „Неодговорните земјоделци продолжија да ги подготвуваат нивите за есенската сеидба. За да не бидат откриени, земјиштето го работат ноќе. Нивната надеж дека тоа нема да го видиме се изјалови. Во Подрачната единица формиравме контролни екипи. Узурпаторите ги фативме на самото место во нелегалниот бизнис со земјата. Основниот суд во Штип до крајот на годинава треба да одлучи дали казните што ги бараме како обесштетување ќе бидат изречени на узурпаторите. Процената ја дадовме на судот. Точно е дека највисоката казна што ја бараме е 30.000 евра“, потенцира Рамбабов.
Во штипската општина има 4.700 хектари слободно државно обработливо земјиште подготвено за распределба на заинтересираните земјоделци. Моментно трае конкурсот за распределба на 360 хектари во атарот на селата Долни и Горни Балван и 120 хектари во лакавичкото подрачје. На новиот конкурс се јавиле 164 лица, индивидуални земјоделци и правни субјекти со исправна документација. Регистриран земјоделец може да добие најмногу до десет хектари државно земјиште под концесија.
Оние што сакаат да живеат од земјоделство, според Рамбабов, покажаа голема доза на инвентивност. Во поголем дел семејства кои бараат егзистенција преку работа на нивите се досетиле и како земјоделци регистрирале повеќе свои членови. На тој начин некои семејства под концесија добиле од дваесет до педесет хектари обработливо земјиште.
Инаку, Стојанче Миланов стана позната личност кога пред пет години ги повика граѓаните на Македонија од неговите ниви кај Долни Балван да си соберат бостан колку што сакаат. Две години подоцна, тој сам однесе неколку камиони со храна за животните на Зоолошката градина во Скопје откако во печатот прочитал дека таму се соочувале со недостиг од храна. И за овој случај сакавме да го слушнеме ставот на Столе Сиромао, но тој не беше во селото.
nevidena drzavna arogancija..za guevski podobro e da zemjata skapuva otkolku da se prerabotuva.ako covekov proizveduva-ni vo son ne smee da se pomisli da mu se odzema taa zemja.ako nekoj ja naumil za nekoj ,,partiski voskar,, koj ke ja zeme samo kolku ,,komsijata,, da ne ja dobie -sramota
Од: St.Patrik
Датум: 06.12.2008 03:04:41
Edno prasananje..covekot e najgolemiot proizvoditel vo Stipsko, koncesijata mu istekla pred 3 godini, prasanjeto e PO KOJ OSNOV NE IM BILE PRODOLZENI DOGOVORITE NA SITE PROIZVODITELI?!?
Од: Vesna
Датум: 06.12.2008 07:31:24
Zosto ne gi napisale i ostanatite uzurpatori na drzavno zemjiste vo Stip i vo drzavata,pa da cueme dali i kolku hektari mu se dodeleni na rektorot na t.n.stipski univerzitet Saso Mitrev ..i dali postoi teoretska verojatnost za toa "nekoj" da bide kaznet ? Dali nekoj ke se drzne da kaze deka i Dzingo nesto uzurpiral i deka poradi toa i toj i ministerot ke bidat kazneti.A ne vaka partiskite "visokostrucni kadri" koi gi postavile na rakovodni mesta po razni resori,da izrekuvaat kazni na odbrani luge i voedno svoite sitni dusi i umovi da gi kompenziraat so demonstracija na mok !
Од: Bitola
Датум: 06.12.2008 09:34:10
Arno velis,zemetemuja zemjata na Siromajo,dajtemuja na Latas da si kupi uste nekoj Dzip i da si odi na odmor vo Grcija i da ne mu zaribaat traktorite na Singa.
Од: aleksandar
Датум: 06.12.2008 11:49:13
najpametno e celata zemja da mu se dodeli na Gazda Velija Ramkovski i sin mu Hedi toj najposteno ke ja raspredeli- po principot ja rabotam ti odmaras pa ti odmaras ja rabotam
Од: ekonomist
Датум: 06.12.2008 12:58:51
Na ovie im trebalo 3 godini za da raspishat konkurs za koncesii za zemjishteto,a lugjeto ke gi kaznuvaat zoshto 3 godini go "uzurpirale"istoto.Navistina nema smisla,chovek i da saka da vlozuva i da raboti,eden den ke dojde nekoja reketarska banda i ke te maltretira.Namesto da sednat na masa so lugjeto i da gi prashaat dali im treba nekoja pomosh za pouspeshno da rabotaat tie ke gi kaznuvaat so namera da go dadat zemjishteto na nekoi "voshkari" koi posle istoto ke go iznajmuvaat na nekoj vreden,ama ne e do vlasta,toj ke raboti,ke plaka,a tie ke si odmaraat vo Grcija ili Bugarija.
Од: Vanco
Датум: 06.12.2008 13:23:04
Farmer se misli na osoba koja odgleduva stoka , a zemjodelec e osoba koja odgleduva zelka. Neka ne se mesaat babi i zabi.
Од: sonja kicevo
Датум: 06.12.2008 22:50:30
Opaaaaa pukna tikvata,epa kade e sega velija i lence od a1 da go branat kutriot zemjodelec......napteni siromasni ama prepamentni za pravenje malverzacii, sega treba sizikot od farmer emisijata da napravi prilog ili toa ne im odgovara na nasata tutunarka Lence i nejziniot velija????????
Од: expert
Датум: 07.12.2008 11:29:25
kako prvo se gleda kolku se azurni nasite ovlasteni lica vo svojata rabota i trebalo tri godini za da podnesat krivicna prijava a ke i treba sigurno uste 30 za da ja naplati kaznata ako vopsto bide izrecena dali nekoj od nadleznite pred da i istecat dogovorite na tie zemjodelci e ponudil prodolzuvanje na istiot ako ne e treba da se goni nadlezniot za taa rabota i toj da se kazni a ne zemjodelecot zosto od takvi nema da ja bidi drzavata zemi plata klati vrata kako i da e dokolku ja zemat zemjata povtorno ke ja dodelat na nekoj partiski voskar koj nikogas vo zivotot ni ne stapnal na niva a ne pa da raboti