Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.10.2011, 18:20

Ќе ги вратам старите кадри на ЛДП

Продолжуваме самостојно, не го менуваме ставот, вели Андреј Жерновски, новиот лидер на ЛДП

Жаклина Хаџи-Зафирова


Што поточно значи вашата порака дека партијата ќе се сврти кон себе?

По завршувањето на изборите, се наметна силна дилема во јавноста дали ЛДП ќе се сврти десно кон ВМРО-ДПМНЕ или лево кон СДСМ. Јас, најавив преку кандидатурата дека партијата треба да се сврти кон ЛДП. Тоа значи да се посветиме кон нашите стандарди, квалитети, да се консолидираме и да се посветиме на контактите првенствено со членовите, симпатизерите... Откако ќе се консолидираме потоа може да размислуваме како и што понатаму. Продолжуваме самостојно, не го менуваме ставот. Не ни се променети платформите, една на 4 јуни, а друга на 6 јуни. Ќе продолжиме негувајќи го тој стил, пробувајќи да ги убедиме граѓаните дека не е добро во Македонија да има бипартизам.



Дали свртувањето кон себе значи дека старите кадри ви свртеа грб?

Кога реков дека партијата ќе се сврти кон себе, мислев на тие се пасивизираа или се тргнаа настрана од различни причини. Јас, на овој конгрес, некои од нив ги предложив за Централниот одбор. Таа промена е евидентна. Сакам да бидам човек што ќе ги врати тие луѓе, ќе им даде шанса на сите што ќе сакаат да бидат вклучени во партијата. Не сакам да се занимавам со минатото, битно ми е да се отвориме како кон старите, така и кон нови членови. Ме израдува е што постои заинтересираност. Мислев дека ќе треба многу време да работиме за да ги мотивираме луѓето да посакаат да бидат дел од ЛДП. Но, ете, имаме нови луѓе, бизнисмени, новинари кои ни се приклучија и имам најава за уште јавни личности кои би сакале да ни се придружат.



Рековте дека сте се кандидирале за претседател за да се спротивставите на штетната политика, обезличувањето на Македонија и партизацијата на државата. Кому му се упатени овие забелешки?

На тие што се на власт. Целата политика што ја води Владата ја сметам за исклучително штетна, политика на обезличување. Кажав дека тоа е една од главните причини зошто се кандидирам. Сакав на делегатите да им дадеме јасна слика да знаат дека гласаат за партија која ќе се постави опозициски, иако таа и досега делуваше опозициски. Не ја разбирам опсесијата на актуелната Влада со минатото. Разбирам дека поради некоја стратегија наречена патриотизам ни се објаснува дека поради некое славно минато треба да имаме светла иднина, но сакам отворено да ги прашам граѓаните дали денеска се живее подобро или не. Денес имаме рекордно висока стапка на сиромаштија, имаме огромна невработеност. Виртуелниот свет во кој не' поставија еден ден ќе се соочи со реалниот свет во кој живееме. Не може да функционира до бескрај политиката на усти полни со патриотизам, а празни стомаци. Настрана силниот притисок врз секој оној кој што размислува или коментира поинаку, како и врз секој медиум кој се осмелува да ја критикува работата на Владата. Но, да се прават листи на неподобни луѓе, интелектуалци, новинари само затоа што се спротивставуваат е недозволиво во денешно време.



По слабиот резултат на изборите, дали верувате дека имате капацитет да продолжите самостојно?

Можеби ќе звучам нескромно, но ние сме белите дробови на политичката сцена. Ние сме без афери, неконтаминирани и тоа не го спори никој. Јас немам дилеми дали партијата има капацитет да продолжи понатаму. Инаку, немаше да се кандидирам. Очигледно треба поинаку да дејствуваме да ги убедиме граѓаните дека е добро да постои граѓанска центристичка опција во Македонија. Оваа партија може да има и победи и порази, но ќе биде присутна на политичката сцена. Нам ни е битно да се консолидираме внатре и да ја вратиме партијата во онаа форма во која беше. Сега е рано да зборуваме за некакви коалиции, за тоа ќе дискутираме кога ќе дојдат избори. Сепак, мене многу ме радува што ЛДП има поголема политичка тежина од партиите што имаат по еден, двајца пратеници во Собрание.



Рековте дека одлуката за самостоен настап на изборите, сепак, не била погрешна? Од каде таквиот впечаток?

Она што јас го слушнав од делегатите на ова Собрание беше дека никој не го спори самостојниот настап. Можеме да бараме причини внатре и надвор. Прво, имаме изборен модел кој е исклучително тежок за помалите партии. Од коментарите што ги слушнав, грешката, наводно, е во недоволно прецизирање дали партијата ќе коалицира по секоја цена, дали е подготвена да влезе и со ВМРО-ДПМНЕ. А, тука е и чувството на загубен глас, за што уште нашите сестрински партии се борат во поразвиените демократии.


Статијата е прочитана 1426 пати.

Испрати коментар



Кацин: Чест е да те наречат непријател на Македонија
Мето Колоски
Вељаноски чека датум
Ромите ги обвинуваат Египќаните за притисоци при изјаснувањето
Пола од тимовите се' уште неформирани, пола попис веќе под сомнеж
Лажна тревога дека Јовановски поднел оставка
Малстром



USA, 05.10.2011 03:32:41
A, za izjavite na Kacin koj bese pokanet clen na kongesot?
Sara, 05.10.2011 08:23:45
Sekoja chest za reshitelnosta na g.Zernovski.Spored mene treba Vie lichno da pokazete i dokazete (kako vprochem i do sega) kako treba da razmisluva eden sovremen evropski politichar za idninata na Makedonija i makedonskite gragjani. Vo LDP imalo, ima i velite ke ima kvalitetni kadri shto mi e mnopgu milo) koi ke pridoneseat za poubavo utre na nashite gragjani. Na dobar kolosek ste i samo taka prodolzete zatoa shto ova denes shto ni se sluchuva e... treba gragjanite da gi izvadat rozevite ochila za da vidat vsushnost vo kakva realnost ziveat.
Krste, 05.10.2011 09:23:46
Kacin ne bese gostin na kongresot
В. Кратовалиев, 05.10.2011 16:10:19
Добро е што со зголема доза на оптимизам , Жерновски сака да креира тнр. победничка атмосфера со враќање на пасивизираните, но и со *нови луѓе, бизнисмени, новинари кои ни се приклучија и имам најава за уште јавни личности кои би сакале да ни се придружат.* Но од првите негови настапи во јавноста многумина ке се разочарат, бидејки со пушалните обвинувања против власта со веке познатата реторика,*силниот притисок врз секој оној кој што размислува или коментира поинаку, како и врз секој медиум кој се осмелува да ја критикува работата на Владата. Но, да се прават листи на неподобни луѓе, интелектуалци, новинари само затоа што се спротивставуваат е недозволиво во денешно време. * електоратот повеке не ги есапи, бидејки лесно ги препознава.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |