Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.10.2011, 18:36

Мето Колоски: Да сe донесе закон за предавници

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Мето Колоски изјави дека Македонија треба да се донесе закон за предавници, со кој би се санкционирале тие што, на некој начин, им штетат на интересите на државата. Ваквото уникатно барање тој го изнесе во интервју за порталот „Macedonia news“ меѓудругото и како реакција на изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети околу десетгодишнината на Рамковниот договор.

„ Ахмети направи предавство со самото тоа што ги нападна македонските војниц�� и полицијаци за време на кризата во 2001 година. Да се изврши тероризам врз својот сопствениот народ, тоа за мене е предавство. За жал, досега не видов никакво извинување за убиствата што се случија“, вели Колоски во интервјуто. На директното прашање, пак, дали на Македонија и' е потребен закон за предавство, тој одговори:

„Секако...Не знам зошто досега не беше прогласен... и Љубчо Георгиевски ставен во затвор зашто прогласи дека е Бугарин, зашто повеќе ја почитува и спроведува бугарската политика отколку македонската, или некој друг во државата, кој гледа да ја откорне Македонија однатре. Дефинитивно треба таков закон„.

Колоски, кој инаку важеше за еден од поумерените преставници на дијаспората, и кој до скоро беше фокусиран главно на остварување на македонските интереси во САД, со активностите во последно време станува се' повеќе дел од политичката сцена во Македонија.Тој е само еден од преставниците на иселениците кои преку разни портали во странство се обидуваат да влијаат, некогаш и многу грубо, на случувањата во земјава, а притоа се заштитени од географската и од политичка дистанца што им ја дава живеењето во друга држава. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар



Кацин: Чест е да те наречат непријател на Македонија
Вељаноски чека датум
Ромите ги обвинуваат Египќаните за притисоци при изјаснувањето
Пола од тимовите се' уште неформирани, пола попис веќе под сомнеж
Лажна тревога дека Јовановски поднел оставка
Ќе ги вратам старите кадри на ЛДП
Малстром



USA, 05.10.2011 02:49:51
Bez razlika dali se slozuvam so Koloski ili ne, no se cini deka sekoj eden stranec moze da kaze bilo sto za Makedonija, samo makedoncite NE.
Koce, 05.10.2011 03:01:45
A toj Meto od diaspora sigurno ima uste eden pasos, ako nema, togas znaci deka e privremeno vo stranstvo i deka nema pravo da se deklarira kako diaspora...takvite prvi begaat nadvor stom osetat kriza. kakov zakon za niv da doneseme???
od doma, 05.10.2011 09:38:12
Iako ove samoizbrani pratenici od dijasporata sluzat samo za pritiskanje na kopceto po naredba, fala mu na gospoda, sto ovoj pratenik otvori usta nesto da kaze. Deka predavnicite trebe da se proglasat za predavnici, mozeb se slozuvam, no zosto i toj,go pritisna kopceto za DA koga se glasase onoa sramno AVTENTICNO TOLKUVANJE, za onie sto ni gi macea i ubivaa vojnicinjata, rabotnicite, Celopek Lipkovo... vo 2001 godina koga se borimo za olovka?!A so ovoa intervju, Utrinski sakal sigurno da gi izvadi ovie troica takanareceni pratenici od DLABOKIOT SON i ulogata na dekoracijavo sobraniskata sala!
Anti VMRO, 05.10.2011 09:40:14
Dobar ti e predlogot Koloski... Ako se primi togaj samo gasnite kamori ce da falat u Makedonija, zosto firer veke imame - Grujo e jako dobar za ova funkcija... A ti mozes da biras pomegju Giobels i Himler. Koj i da odaberes sve je jedno - i tako si dokazan FASIST.
Istocna Makedonija, 05.10.2011 10:41:22
E Meto,Meto,obrabotuvas necija agenda i baras status,koska!Znaes li kolku pratenici,ministri-bivsi sovetnici,vtoro,tretoesalonci imaat bigarski paso si i drzavjanstva?!Kolku segasni?!.A kolku i na drugi zemji.CUMU animozitet ,samo kon bugarsko to,koe za volja na vistinata dominira vo Makedoni ja,koga istoriski, asimilatorski pretnzii imale,bez- malku,ili site nasi sosedi.Licno,vo fudbal navivam i za Real.Me fakaat li paragrafite na ,,Zakonot za predavnici,,!?A,Ljlubco go ubi i Aleksandar,znaes li?Jas znam i koj ja napravi Keopsovata piramida!
ФЕЛИКС, 05.10.2011 12:56:48
Овие некои омадовци (другите никој жив не ги знае тука)на безбедна географска дистанца како што со право ги перцепира Н.Р мислат направиле здружение и веднаш политиката ја имаат во ,,малиот прст,,.Таквите како Коловски,Огинар оној Наумовски се како телепринтери,ни испраќаат секогаш подршки за издржување на далечина.Последниве двајца сум имал прилика да ги запознаам кога ни сервираа со какви не врски располагат од Стејт Департмент па скоро до Обама.Наумовски се пофали да и ,,кучињата чувари во Стејтот го познаваат,,колку често таму предстојува.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |