Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.10.2011, 18:30

Ромите ги обвинуваат Египќаните за притисоци при изјаснувањето

Охрид - Тековниот попис на населението и домаќинствата, во Охрид повторно исфрли на површина една латентна нетрпеливост меѓу Ромите и Египќаните, присутна подолго од три децении, откако околу 4.000 граѓани во Охрид и во Струга во 1990 година од тогашното југословенско, сојузно собрание добија право да се декларираат „ниту како Роми ниту како останати, туку онака како што се чувствуваат".

Само што почна пописот, се огласи Хуманитарното здружение на Ромите “Светлина 2007”, со реакција дека имаат сознанијата за голем притисок над ромското население во Охрид, како што стои, "од таканаречените Египќани". "Црното време на асимилацијата заврши во минатите векови, но, сепак, на сцена е досега невиден притисок врз Ромите за изјаснување како Египќани, а не онака како што тие се чувствуваат, како Роми“, стои во реакцијата.

Рубин Зенон, претседател на Сојузот на балканските Египќани, вели дека нема никакви притисоци.

„Нема никаква потреба за тоа. На последниот попис, во 2002 година, како Роми се изјаснија меѓу 60 и 70 жители на Охрид. За Египќани, пак, се изјаснија над три илјади и ние бевме втора популација во Охрид. Тие што тврдат такви небулози, треба да укажат на конкретни личности, кои, наводно, вршеле притисоци“, вели Зенон.

Тој, напротив, се сомнева на смислен притисок, токму врз Египќаните. Нему му е чудно што во Охрид од други градови се „увезуваат“ 120 Албанци (колку и Македонци) за да се вклучат во пописот, а се ангажираат само дваесетина Египќани, што отвора сомнение дека, всушност, се работи за политичка, а не за статистичка операција.

„Многу чудни нешта се случуваат, така што се јавува некаков сомнеж за премолчен договор, на што упатува и оставката на претседателката на Пописната комисија, Весна Јанеска, заедно со нејзиното симптоматично образложение“, вели претседателот на Здружението на балканските Египќани. (В.М)


Статијата е прочитана 324 пати.

Испрати коментар



Кацин: Чест е да те наречат непријател на Македонија
Мето Колоски
Вељаноски чека датум
Пола од тимовите се' уште неформирани, пола попис веќе под сомнеж
Лажна тревога дека Јовановски поднел оставка
Ќе ги вратам старите кадри на ЛДП
Малстром

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |