Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Вејн Руни: Цел живот го мразам Ливерпул!

Англискиот репрезентативец категоричен дека „бебињата“ уште денес ќе ја прослават титулата

Вејн Руни се погрижи и онака жешката атмосфера пред денешното дерби со Манчестер Јунајтед (13,45 часот) да ја доведе до точка на вриење. На фудбалерите на Рафаел Бенитез им порача дека секогаш го мразел нивниот клуб и дека лично ќе се погрижи да им ја потопи и последната надеж за освојување на Премиерлигата.

„Многу сум возбуден и едвај чекам да почне мечот. Од мали нозе навивав за Евертон, моето цело семејство навива за Евертон. Јас пораснав практично мразејќи го Ливерпул. И тоа не се промени“, кажа Руни и додаде. „Тие доѓаат на „Олд трафорд“ знаејќи дека мора да победат. Им требаат три бода. Сигурен сум дека ќе одат на нив, но и ние ќе одиме и тоа ќе биде крај на надежите на Ливерпул“.

Ако Руни е категоричен дека неговиот тим ќе слави топката на земја ја спушта Немања Видиќ, стрелецот на првиот гол во реваншот од ЛШ против Интер (2:0). „И Ливерпул неделава одигра одличен натпревар со Реал Мадрид. Сега и тие се полни со самодоверба. Затоа не е време за еуфорија. Треба да одиграме значително подобро отколку против Интер доколку сакаме нова победа. Имаме предност до седум бода и меч помалку, но тоа не ја гарантира титулата“, вели Видиќ.

Самодовербата на Ливерпул за која зборуваше Видиќ ја потврди и еден од најдобрите играчи на мечот со Реал М, Рајан Бабел, кој го постигна и победничкиот гол за својот тим во првото дерби меѓу овие два клуба сезонава на „Енфилд Роуд“ 2:2. „Победа каква што беше онаа против Реал М. менува многу нешта во главите на фудбалерите. Тоа е доказ дека на секој меч можеш да биде брилијантен и да победиш. Без разлика кој ти е противник. Деновиве постојано анализираме и се договараме како да одиграме против Јунајтед. Едно е сигурно - одиме на три бода!“, јасно порача Бабел.

Инаку, досега овие два тима се имаат сретнато во 151 меч. Во Премиерлигата Јунајтед има 58 победи, а Ливерпул 50. Вкупно гледано „бебињата“ имаат 68 победи, наспроти 58. на Ливерпул.



Хамбургер и со играЧ повеЌе не го совлада ГалатасараЈ



Во првиот осминафинален меч од Купот на УЕФА Хамбургер не успеа да го совлада Галатасарај, иако од 53 минута имаше играч повеќе. Турците поведоа со голот на Ајхан во 33 минута, а израмни Марсел Јенсен во 50 минута. Само три минути подоцна беше исклучен Емре Ашик, но и тоа не им беше доволно на Германците да остварат каква таква поредност пред реваншот за седум дена во Истанбул.

Резултати од првите осминафиналнби мечеви во Купот на УЕФА: Хамбургер - Галатасарај 1:1, Динамо Киев - Металист 1:0, ЦСКА М. - Шахтјор 1:0, ПСЖ - Брага 0:0, Вердер - Сент Етјен 1:0, Манчестер Сити - Алборг 2:0, Марсеј - Ајакс 2:1, Удинезе - Зенит 2:0.



Финалето во ЛШ останува во Рим



УЕФА побара од италијанската полиција да ги засили сигурносните мерки во пресрет на финалето од Лигата на шампионите, што ќе се одигра во мај во Рим. Сето тоа по инцидентите пред и по натпреварот меѓу Рома и Арсенал во кои со нож беше напндат и прободен еден навивач на англискиот претставник. „Само два месеца има до финалето и немаме време да менуваме нешто. Но бараме од италијанските власти да вложат напори со цел да се избегнат вакви инциденти“, изјави советникот на претседателот Мишел Платини, Вилијам Галард.



Мурињо нападнал навиваЧ на ЈунаЈтед?



Британските медиуми јавуваат дека Жозе Мурињо е под истрага на британската полиција поради наводите дека удрил еден навивач на Јунајтед, по поразот на „Олд трафорд“ во Лигата на шампионите. Како што пренесува Би-Би-Си полицијата ги побарала од клубот снимките од безбедносните камери и потврди дека едно лице го пријавило Мурињо. Според, извештаите навивачот на Јунајтед му викал на Мурињо: „Одете дома, одете дома!“, а овој го удрил. Интер бргу ги демантираше пишувањата на островските медиуми: „По мечот Мурињо даде неколку интервјуа, потпиша автограми и ги гледаше пеналите на мечот Рома - Арсенал, пред да отиде да го поздрави Фергусон во неговата канцеларија. Откако разговараше со новинарите на каналот на Интер Мурињо влезе во клупскиот автобус, кој беше паркиран веднаш пред соблекувалната“, соопшти клубот од Милано.

 


Статијата е прочитана 370 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Мртва трка за претседател на РФМ
Исланд без шестмина од баражот за СП
Рајх го уништи Свиндал и осигура луда завршница
Станојоски и Велески поразени на ЕП во шах
Л.А. Лејкерс стана прв западен тим во плејофот
Олимпијакос и Барселона лидери во групите Е и Ф
Словенецот Стоклас и Хрватката Маер станаа Македонци