Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Рајх го уништи Свиндал и осигура луда завршница

Уште еднаш како голем скијач се покажа Бенјамин Рајх, кој со победата во последната велеслаломска трка сезонава дојде до само два бода минус во однос на Аксел Лунд Свиндал. Така во денешната слаломска трка во Оре има голема шанса да триумфира во конечниот пласман. Како што е познато Свиндал не е баш вешт во слаломот, па и нему му е јасно дека на Рајх треба да му се случи голем пех па тој да остане на првата позиција.

Голема причина за радост имаше и Дидие Куш, кој на крајот со третото место се закити со Малиот кристален глобус во велеслаломот. Куш немаше среќа во првата трка. Имено уште на стартот му падна едниот стап, но храбро се спушти по патеката и мина низ целта со 86 стотинки заостанување во однос на Рајх, доволно за третото место. Во втората трка Куш успеа да остане на таа позиција и тоа со само две ститинки подобро време од Гранж.

Велеслалом (Оре)

1. Бенјамин Рајх (Авс) 2:18,95

2. Тед Лигети (САД) +0,13

3. Дидие Куш (Шва) +0,71

Вкупен порердок - велеслалом

1. Куш 474

2. Рајх 462

3. Лигети 421

Вкупен поредок СК

1. Свиндал 1009

2. Рајх 1007

3. Куш 919


Статијата е прочитана 98 пати.

Испрати коментар

Од: od mene
Датум: 14.03.2009 10:29:51
Абе луѓе не се вика поредок туку пласман пишувајте македонски

Најди! во Утрински
Спорт
Мртва трка за претседател на РФМ
Исланд без шестмина од баражот за СП
Вејн Руни
Станојоски и Велески поразени на ЕП во шах
Л.А. Лејкерс стана прв западен тим во плејофот
Олимпијакос и Барселона лидери во групите Е и Ф
Словенецот Стоклас и Хрватката Маер станаа Македонци